Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производители на пиперки денеска на протест: Еден час ќе биде блокиран патот Прилеп – Битола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Производители на пиперки денеска на протест: Еден час ќе биде блокиран патот Прилеп – Битола
Агровести

Производители на пиперки денеска на протест: Еден час ќе биде блокиран патот Прилеп – Битола

Објавено 14/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на пиперки денеска, 14 септември, ќе одржат протест со целосна блокада на регионалниот пат Прилеп – Битола, поради, како што велат, тешката состојба во земјоделството и загрозената егзистенција на производителите.

Блокадата е најавена во периодот од 10:00 до 11:00 часот на сообраќајниот јазол кај селото Тополчани. Во тој период сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола и во обратна насока ќе биде целосно прекинат за патнички и товарни возила.

Организаторите ги повикуваат земјоделците од регионот масовно да се приклучат на протестот, посочувајќи дека проблемите не се однесуваат само на производителите на пиперки, туку и на останатите земјоделски гранки.

„Земјоделците не протестираат за да им создаваат пречки на останатите учесници во сообраќајот, туку поради тоа што се доведени во прашање нивната егзистенција и опстанокот на производството. Очекуваме институциите конечно да ја преземат одговорноста и да понудат конкретни мерки“, порачуваат незадоволните земјоделци.

- Реклама -
Ad image

За време на блокадата ќе се пропуштаат возила на Итната медицинска помош, како и приватни возила кои превезуваат болни лица. Исклучок од блокадата ќе има и за возила на полицијата, Армијата и противпожарните служби.

Протестот доаѓа во услови на растечко незадоволство кај земјоделците, кои бараат конкретни мерки од институциите за надминување на проблемите со кои се соочуваат во производството.

Извор: libertas

Може да ви се допадне

Можност за нов трактор и механизација со ГРАНТ од ИПАРД
Пријавен јачмен, а на терен – базен, објекти, необработени површини и тревна вегетација!
ОПШТИНИТЕ – Клучни за реализирање на Мерка 7 од ИПАРД: Нема инвестиции без урбанистички план
Работна средба со сопствениците на рибници за тековни активности поврзани со спроведување на Програмата за рибарство за 2026 година
Воведувањето вињетки драстично ќе го поскапи патувањето, Николоски вели дека преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани
Таг:Битолаблокиран патотпиперкипротест
Претходен напис ИЗВЕСТУВАЊЕ : За поднесување на барања за складиштарење на пченица и јачмен
Следен напис Водата во Скопје е безбедна за пиење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?