Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Врв на сезоната на амброзија: Концентрациите на полен во регионот со рекордно високи вредности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Врв на сезоната на амброзија: Концентрациите на полен во регионот со рекордно високи вредности
Агровести

Врв на сезоната на амброзија: Концентрациите на полен во регионот со рекордно високи вредности

Објавено 10/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во средината на септември, алергиите предизвикани од амброзија го достигнуваат својот врв низ целиот регион.

Концентрациите на полен во Србија, Бугарија, Романија и соседните земји се далеку над критичниот праг – често се движат меѓу 100 и 200 зрна по кубен метар, а на одредени локации се очекуваат и над 500.

Топлото и ветровито време дополнително ги интензивира алергиските реакции. Со оглед на тоа што сезоната на амброзија ќе трае уште неколку недели, експертите советуваат превенција и следење на локалните поленски извештаи.

За оние со висока осетливост, доволни се само 5 до 10 зрна во воздухот за да предизвикаат силни симптоми: интензивно кивање, течење и затнување на носот, чешање и солзење на очите, кашлица, па дури и значително влошување на астмата.

Амброзијата цвета од август до средината на октомври, но врвот на нејзината активност паѓа токму во текот на септември. Оваа година, екстремните летни жештини го одложија целосното отворање на цветовите, па поленот сега се ослободува значително поинтензивно.

Топлото, суво и ветровито време овозможува поленот да се разнесува на големи растојанија – една билка може да произведе и до милијарда зрна. Поради тоа, дури и да нема амброзија во непосредна близина, поленот лесно допира од оддалечени жаришта.

Лекарите предупредуваат дека за лицата кои се борат со овие алергии, следните денови бараат зголемена претпазливост и превенција: да се избегнува престој на отворено за време на ветровити периоди од денот, да се држат прозорците затворени, особено во утринските часови кога концентрацијата на полен е највисока, да се менува облеката веднаш по враќањето дома за да не се внесува алергенот во домот. 

МИА

Може да ви се допадне

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати – сите се мажи
Без струја делови од Бутел, Петровец, Студеничани и Карпош,а без вода неколку улици во Чаир
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола
Димитриеска-Кочоска ќе ја отвори Регионалната конференција „Охрид 2026“
Таг:амброзијаВрвКонцентрациите
Претходен напис Без струја делови од Бутел, Петровец, Студеничани и Карпош,а без вода неколку улици во Чаир
Следен напис ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати – сите се мажи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?