Можностите за развој на билатералната соработка во земјоделството, шумарството и водостопанството, со посебен акцент на инвестиции и надворешна трговија на земјоделски производи, беа во фокусот на средбата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром.
Како што соопштуваат од МЗШВ, на средбата станало збор и за поврзување на надлежните државни институции, научната и стручната јавност и деловниот сектор од двете земји.

– Насочени сме да користиме современи искуства што ќе ни помогнат за развој на земјоделскиот сектор и препознатливост на нашите земјоделски производи и македонското вино надвор од државата – истакнал министерот Серафимовски.

Дополнуваат дека била истакната и значајната поддршка што Кралството Шведска ја обезбедува за Република Северна Македонија преку повеќе програми, особено во насока на поддршка на евроинтегративниот процес на земјата.
МЗШВ
