Во соопштението доставено до Македонската берза, од компанијата велат дека вкупните приходи, во првите шест месеци од 2026 година забележаа зголемување од 9% во однос на истиот период од минатата година. Растот е резултат на зголемените приходи на странските пазари за 14% и 3% од продажбата на домашниот пазар.
Компанијата оствари бруто добивка на износ од 885,6 мил. денари и е повисока за 21%. Трошоците за продажба и маркетинг бележат намалување од 6%, а останатите оперативни расходи се повисоки за 16%, административните трошоци се повисоки за 46%, што придонесе оперативната добивка да се зголеми за 35% и да достигне 247,8 мил.денари.
И покрај повисоките финансиски расходи, добивката пред оданочување е зголемена за 21%, додека нето добивката по оданочување изнесува 158,2 мил. денари, што претставува раст од 19% во однос на истиот период од претходната година.
– Во првата половина од 2026 година се остварија вложувања во материјални средства од 24 мил. денари. Финансиските резултати се во согласност со планот и проекциите од Билансот на успехот. Значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средствата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беше реализиран. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беа остварени, стои во соопштението.
Извор – Економија и бизнис
