По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски околу проблемите со откупот на пиперката и предлогот владата и земјоделците заедно да протестираат кај откупувачите, реагира сопственикот на преработувачкиот капацитет – ВИПРО од Гевгелија, Виктор Петков.
– Уште тоа ни фали ?! конфронтација и меѓусебна пресметка …Улогата на државата е да обезбеди фер услови и рамка, а не да ги турка земјоделците во директни конфликти со индустријата… од друга страна индустријата е можеби 1/3 од потрошпувачката , и обично е амортизер за послабите класи индустриска стока, другите 2 се домашниот пазар за широка потрошувачка и извозот… зар и таму ќе ги пратиме да протестираат ?! – прашува Петков.
Во продолжение изјавата на премиерот Мицкоски
