Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Серафимовски во Неготино на средба со лозарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Серафимовски во Неготино на средба со лозарите
Агровести

Министерот Серафимовски во Неготино на средба со лозарите

Објавено 13/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска бил во посета на општина Неготино и заедно со градоначалничката Марија Нацева оствариле работна средба со лозари.

Како што соопшти Нацева на нејзината Фејсбук-страница, состанокот се одржал во пресрет на стартот на претстојните берба и откуп на винското грозје, а со единствена цел, да поминат во најдобар ред.

– На состанокот се разговараше за динамиката на откупот, слободните капацитети за откуп и преработка на грозјето, како и потребата од почитување на законските услови, при што министерот Серафимовски истакна дека интенција на ресорното министерство е да се почитуваат законите од сите учесници во процесот, да има транспарентност при откупот и да се почитуваат откупните цени и тоа 21,8 денари за вранец и 20 денари за смедеревка – пишува во објавата.

Серафимовски истакнал дека Министерството во рамките на своите надлежности, преку свои претставници, континуирано ќе биде присутно на терен, ќе го следи откупот на грозјето и ќе одржува активна комуникација со производителите, откупувачите и преработувачите.

– Имајќи предвид дека минатите години се појавија проблеми со откупот на грозјето од сортата вранец, министерот ги запозна присутните дека за да не се повтори истата ситуација, Владата на Република Македонија обезбеди над 10 милиони евра преку кредитна линија за навремен откуп на грозјето вранец и оризова арпа, од кои две третини од средствата или конкретно 553.481.723 денари се наменети за откуп на винското црно грозје од оваа сорта – се додава во објавата.

Се додава и дека присутните имале можност да поставуваат прашања до министерот, со цел бербата и откупот на винското грозје да поминат во најдобар ред, а исплатата на средствата за предадениот род, да се реализира во законски утврдените рокови. 

МИА

Може да ви се допадне

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
ДИЗ на терен во Струмичкиот регион: Пиперката се откупува според договорените цени
Серафимовски: Субвенциите за крави и основни и дополнителни за жито, ќе бидат исплатени до крај на август
Активни девет пожари низ државата
Хоџа: Повеќе пастрмка за Охридското Езеро, годинава се планира порибување со околу 1,6 милиони единки
Таг:лозаритеСерафимовски
Претходен напис ДИЗ на терен во Струмичкиот регион: Пиперката се откупува според договорените цени
Следен напис Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?