Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно
Агровести

Загубите во земјоделството во ЕУ поради климатските промени може да достигнат 40 милијарди евра годишно

Објавено 13/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годишните загуби во земјоделскиот сектор на Европската Унија поради климатските промени до 2050 година би можеле да достигнат 40 милијарди евра, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извештај на осигурителната компанија „Хауден“, изработен за Европската инвестициска банка.

Според истражувачите, во сегашното климатско сценарио загубите би се зголемиле од сегашните околу 28 милијарди на повеќе од 40 милијарди евра годишно, додека во екстремни услови би можеле да надминат и 90 милијарди евра.

Исклучително високите температури, особено во Западна Европа, со сушите што ги придружуваат, веќе ги принудуваат европските земјоделци да ги менуваат методите и работното време, објавува весникот.

Промените на климата ги принудуваат земјоделците да преминат на ноќно собирање на родот, да ги покриваат нивите со мрежи за засенчување, да ги ладат складиштата и да се откажуваат од повеќедецениски воспоставените рокови за сеидба.

Сепак, ниту тие мерки не ги поштедуваат земјоделците од сериозни загуби. Според француското Министерство за земјоделство, се очекува производството на пченка да се намали за 35 отсто во однос на минатата година, на девет милиони тони, поради негативното влијание на топлотниот бран и сушата врз вегетацискиот период.

Според „Колдирети“, најголемиот земјоделски синдикат во Италија, производството на млеко во некои фарми е намалено за 20 проценти.

Во францускиот регион Нова Аквитанија, температурите над 40 степени Целзиусови кон крајот на јуни довеле до масовно угинување на свињи и живина, и покрај засилената вентилација, прскањето со вода и промените во начинот на исхрана. 

МИА

Може да ви се допадне

Дополнителна дезинсекција во Битола против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска
Во Грција регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил
ЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово
Големи пожари во Албанија,  Бегај апелира на солидарност и одговорност од сите
Дел од Центар денеска без вода, прекини во снабдувањето со струја во Илинден и Сарај
Таг:40 милијарди евразагубитеземјоделствотоклиматските промени
Претходен напис Рататуј
Следен напис Дополнителна дезинсекција во Битола против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?