Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дизелот поевтинува за осум, а бензините за четири денари по литар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дизелот поевтинува за осум, а бензините за четири денари по литар
Агровести

Дизелот поевтинува за осум, а бензините за четири денари по литар

Објавено 10/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 89, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 91,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6 денари за литар и ќе изнесува 92,5 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 2,881 денари за килограм ќе изнесува 43,538 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа кај бензините во просек за 6,186 отсто, кај дизелот за 10,435, кај екстра лесното масло за 8,138 и кај мазутот за 7,151 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,0313 отсто.

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

МИА

Може да ви се допадне

И денеска многу топло – до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце
Активни два пожара – кај Македонски Брод и во кумановски Средорек
Превозниците од Западен Балкан на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната
Средба на министерот Серафимовски со МАП
(ВИДЕО) Александар Ивановски – Од наставник до фармер со 130 крави, семеен бизнис и успешна соработка со „Бучен Козјак“
Таг:Дизелот поевтинуваосумчетири денари
Претходен напис Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
Следен напис Земјоделци повторно протестираа во Струмица: Бараме достоинствена откупна цена на црвената пиперка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?