Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски за болеста сипаници кај овците и козите: Се спроведуваат сите мерки, сточарите да покажат одговорност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски за болеста сипаници кај овците и козите: Се спроведуваат сите мерки, сточарите да покажат одговорност
Агровести

Серафимовски за болеста сипаници кај овците и козите: Се спроведуваат сите мерки, сточарите да покажат одговорност

Објавено 06/08/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во интервју за МИА, министерот за земјоделство Борче Серафимовски се осврнува и на сипаниците кај малите преживари. Порачува дека одгледувачите мора да покажат одговорност – да внимаваат како го чуваат добитокот и да ги почитуваат мерките што важат во услови на појава на ваква болест.  

– Имаме проблем со овчите сипаници. Сточарите велат: „Ние сме загрижени, ќе ни се уништи сточниот фонд“. Да, грижата ви ја разбирам, ама вие не водите сметка, од друга страна. Прво, носите на продажба овци на сточен пазар што е затворен со наредба од АХВ. Второ, ги мешате овците во малите рурални средини меѓу себе: и пет овци да се, без разлика, може да бидат преносители. Човекот е преносител, возилото со кое пристапувате таму е преносител. Затоа имаме зголемување на заразени животни. Со сточарите и со АХВ имаме постојана комуникација. Со директорот Миланов секојдневно се слушаме, следиме се. Се обидовме да видиме дали има можност за лечење – нема. Науката вели дека грлата мора да угинат и тоа е тоа. За нив државата плаќа обесштетување. Знам дека одгледувачите се жалат оти биле ниски обесштетувањата, но проблемот е друг. Проблемот е како да се зголеми сточниот фонд? Потребни се најмалку пет години за сточниот фонд повторно да се стави во форма. Болеста тешко се контролира и во овој случај прво мора одгледувачите да бидат одговорни, да ги почитуваат мерките, укажува Серафимовски.

Одгледувачите бараат вакцинација на грлата, се жалат дека институциите не реагираат навремено и дека обесштетувањето е многу ниско. Каква е состојбата, колкава е бројката на угинати животни и колку ќе влијае на сточниот фонд?

По првиот потврден случај на крајот на јануари 2026 година, досега се потврдени 36 жаришта на болеста во Североисточниот, Вардарскиот и Источниот регион. Од вкупно 4.632 приемчиви животни, лабораториски се потврдени 137 случаи, 75 умрени животни, а согласно мерките за искоренување на болеста, усмртени (евтаназирани) се 3.351 животни.

За спречување на понатамошното ширење на болеста, се спроведуваат сите пропишани мерки, вклучително и воспоставување заштитни и надзорни зони, ограничување на движењето на овци и кози, депопулација на заразените стада, дезинфекција, епидемиолошки истраги и засилени биосигурносни мерки.

Во однос на прашањето за воведување вакцинација против сипаници, Агенцијата за храна и ветеринарство има формирано експертската група на која се разгледува тековната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овци и кози, се презентираат информации за преземените мерки и анализи за преземање на понатамошни мерки како и разгледување на можноста за воведување на вакцинација против болеста.

Што се однесува пак до вакцинацијата, надлежните институции ја следат епидемиолошката состојба и ги разгледуваат сите можни опции. Во таа насока, веќе е побарана повторна поддршка од Европската комисија за испраќање експертска мисија (EUVET), како и можност за обезбедување вакцини против сипаници кај овците и козите од вакциналната банка на Европската Унија. Одлуката за евентуална масовна вакцинација ќе биде донесена врз основа на проценката на ризикот и препораките на домашните и европските експерти. Моменталниот став на надлежните институции е дека нема да се спроведува вакцинација во овој момент. Истовремено истакнуваме дека оваа мерка не се спроведува по индивидуална одлука на одгледувачите, туку исклучиво врз основа на проценка на ризикот и во согласност со мерките што ќе ги утврдат надлежните органи. Станува збор за жива атенуирана вакцина која не е одобрена за употреба во Европската Унија, а нејзината неовластена употреба, особено доколку е нелегално увезена и неправилно аплицирана, може да претставува дополнителен ризик за ширење на болеста.

Воедно, апелираме одгледувачите да не набавуваат и да не применуваат вакцини надвор од официјалниот ветеринарен систем.

Проценката и обесштетувањето се вршат согласно Одлуката за определување на пазарната вредност на животните кои се одземаат заради сузбивање и искоренување на заразни болести на територијата на државата.

Во оваа фаза е рано да се даде конечна проценка за влијанието врз сточниот фонд. Сепак, со доследно спроведување на ветеринарно – здравствените мерки и почитување на биосигурносните правила, целта е болеста што побрзо да се стави под контрола и да се минимизираат последиците врз сточарското производство.

Генерално, во однос на добиточниот фонд, бројот на овците и на кравите е намален. Зголемување има само кај свињите. Сакаме да направиме пребројување. Мислиме дека нешто под 300.000 овци ќе бидат. Но, лоша е состојбата и со инфраструктурата на бачилата. Некои уште немаат не само пристапни патишта, туку и струја. Минатата година отидов во Македонски Брод, во едно село, каде што преку задругите се инвестираше во опрема за молзење. И сега, се инвестира во опрема, а нема струја. И патот никаков, но ајде, ќе се качиш со трактор, со некое теренско возило ама струја нема! Такви случаи има многу. Сакам да кажам, нема основните услови, а бачилата се оставени како на времето – руинирани, распаднати. Се инвестира нешто минимално ако има мандра заради некакви основни услови за производство на сирење и тоа е се. Ние се обидуваме се што може да им се даде на одгледувачите, но, сепак, таа инвестициска политика зависи од нив.

Интервјуто за МИА на следниот линк

Може да ви се допадне

Недостасуваат сезонски работници? Александра Караевска-Димовска објаснува како новиот Закон за работно ангажирање на лица носи решение
Протест на струмичките земјоделци поради ниската откупна цена на црвената пиперка
ЕЦБ започна процес за нов дизајн на еврото: Граѓаните ќе гласаат за 10 предлози до 21 септември
Средба на министерот Серафимовски со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова
Водата од јавниот водовод во Куманово е здравствено исправна
Таг:министеровчи сипаницисточен фонд
Претходен напис Недостасуваат сезонски работници? Александра Караевска-Димовска објаснува како новиот Закон за работно ангажирање на лица носи решение
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?