Министерот за одбрана на Албанија, Ермал Нуфи објави дека во текот на изминатите 24 часа бил распореден 727 оперативен персонал за управување со 20 активни жаришта на шумски пожари низ различни делови во државата.
Според објавата на Фејсбук, поддршката за локалните власти вклучувала 128 припадници на албанските вооружени сили, противпожарни возила, медицински возила за брза помош и три хеликоптери на Воздухопловните сили за да помогнат во гаснењето на пожарите.
Министерот Нуфи, исто така, ја пофали посветеноста и професионализмот на персоналот кој се бори со шумските пожари од почетокот на летната сезона.
“Вкупно 727 оперативен персонал беа ангажирани во текот на изминатите 24 часа во управувањето со 20 жаришта на шумски пожари во различни области на земјата. Во поддршка на локалните власти, беа распоредени 128 припадници на вооружените сили, противпожарни возила, медицински возила за брза помош и три хеликоптери на воздухопловните сили“.
Најсериозна била состојбата во подрачјето на Малакастар каде биле евакуирани 15 семејства, добиток и домашни миленичина.
Надлежните упатија апел за голема внимателност, поради високите температури, кои денеска ќе бидат 41 степен.
МИА
