Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонска берза изготви Водич за трансформација и раст преку пазарот на капитал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонска берза изготви Водич за трансформација и раст преку пазарот на капитал
Агровести

Македонска берза изготви Водич за трансформација и раст преку пазарот на капитал

Објавено 05/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонска берза АД Скопје ја реализира иницијативата „Август – месец на подготовки за пазарот на капитал“ (Capital Market Readiness Month), насочена кон домашните компании кои сакаат подобро да ги разберат можностите што ги нуди пазарот на капитал како извор на финансирање за нивниот иден раст и развој. Во рамки на иницијативата подготви „Водич за трансформација и раст на бизнисите“, со цел на компаниите да им обезбеди јасен и практичен преглед на чекорите, можностите и придобивките од користењето на пазарот на капитал како поддршка за нивниот развој.

Водичот, како што велат од Македонска берза, на едноставен начин ги објаснува различните модели преку кои компаниите можат да обезбедат средства за раст – преку издавање акции, корпоративни обврзници, како и клучните аспекти поврзани со трансформацијата на компанијата, подготовката за котација на берза и унапредувањето на корпоративното управување.

Наменет е за сопственици, менаџери и компании кои размислуваат за следната фаза од својот развој – нов инвестициски циклус, проширување на бизнисот, обезбедување долгорочен капитал или подобрување на својата подготвеност за идно пристапување до пазарот на капитал.

Покрај Водичот, во текот на август Македонска берза организира бесплатни индивидуални консултативни состаноци за компаниите кои сакаат дополнително да разговараат за можностите што ги нуди пазарот на капитал, вклучително и за Проектот за поттикнување и подготовка на македонски компании за пазарно финансирање, кој се реализира во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

На овие средби компаниите имаат можност да добијат дополнителни информации од претставници на Берзата за можностите за финансирање преку IPO, корпоративни обврзници и други инструменти, како и за активностите во рамки на проектот.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ: Република Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
Во Албанија 20 активни пожари, распоредени се 727 оперативен персонал
Министерството за енергетика: Домашниот електроенергетски систем останува стабилен и подготвен
ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои сите се изгаснати
АМСМ: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Таг:ВодичМакедонска берзапазароттрансформација
Претходен напис Во Албанија 20 активни пожари, распоредени се 727 оперативен персонал
Следен напис АХВ: Република Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?