Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нивото на Дунав во Бугарија продолжува да опаѓа, водостојот на критично ниско ниво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Нивото на Дунав во Бугарија продолжува да опаѓа, водостојот на критично ниско ниво
Агровест

Нивото на Дунав во Бугарија продолжува да опаѓа, водостојот на критично ниско ниво

Објавено 05/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Водостојот на Дунав во Бугарија продолжува да опаѓа и се наоѓа на историски минимум, што ја отежнува пловидбата и сите активности поврзани со реката.

Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниското ниво е измерено во близина на Русе, од-94 сантиметри.

Мерењата покажаа -85 сантиметри во Орјахово, -77 сантиметри во Силистра, -62 сантиметри во Ново Село, -40 сантиметри во Свиштов и-23 сантиметри во Видин, додека во Никопол е забележано ниво од два сантиметри над референтната нула, пренесува порталот „Новините“.

Водостојот достигна-218 сантиметри во Козлодуј, каде што се наоѓа истоимената нуклеарна централа. Пловидбата по реката е ограничена, а прогнозите укажуваат на тоа дека условите би можеле дополнително да се влошат во наредните денови, посебно околу островите Батин, Вардим и Белене.

Директорот на Извршната агенција, Ивелин Занев, вели дека се очекува нискиот водостој да продолжи во текот на целиот август.

– Акумулациите на браните Ѓердап 1 и Ѓердап 2 не се целосно полни, што значи дека дури и дополнителните испуштања вода би имале само ограничено влијание врз водостојот на реката – рече тој.

На Дунав останаа насукани три товарни брода, додека пловидбите на бродовите за крстарење долж бугарскиот дел од реката се прекинати.

Нуклеарната централа „Козлодуј“ засега работи непречено, а властите велат дека во моментот не постои ризик од нејзино затворање. Министерката за енергетика Ива Петрова вчера ја посети централата, по што изјави дека таа е способна да продолжи со нормална работа во наредните недели дури и ако моменталните услови на реката останат непроменети, како и дека не постои непосредна опасност за производството на електрична енергија во единствената нуклеарна централа во земјата.

Таа додаде дека посебна работна група го следи нивото на водата и спроведува мерки за непредвидени ситуации уште од почетокот на јули со цел да одговори на продолжениот пад на водостојот, како и дека ќе ја проценува ситуацијата и ќе презема чекори за да обезбеди непречено функционирање на централата доколку нискиот водостој продолжи.

МИА

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Претходен напис Министерството за енергетика: Домашниот електроенергетски систем останува стабилен и подготвен
Следен напис Во Албанија 20 активни пожари, распоредени се 727 оперативен персонал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?