Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ
Агровести

Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ

Објавено 30/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, остваруваат исплата од индивидуалните сметки, покажува анализата со пресек на 30 јуни 2026 година.

За овие корисници, како што соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, при што просечната нето исплата по корисник изнесува 9.878 денари. Просечниот пензиски стаж на корисниците изнесува 22 години, додека просечната пензиска основица е 38.880 денари.

Најголемиот дел од корисниците се лица кај кои средствата од вториот пензиски столб учествуваат во обезбедувањето на минималниот пензиски износ. Во оваа категорија се опфатени 113 лица, односно 77 отсто од вкупниот број корисници.

Кај корисниците со минимална пензија, вкупната нето исплата од индивидуалните сметки изнесува 1.149.023 денари, а просечниот месечен износ е 10.168 денари. Од нив, 75 корисници остваруваат исплата над 8.000 денари, додека 38 корисници имаат исплата меѓу 4.001 и 8.000 денари.

Во групата корисници со пензија над минималниот износ се опфатени 34 лица, со вкупна нето исплата од 303.066 денари. Просечниот износ на исплата кај оваа категорија изнесува 8.914 денари, а кај пет корисници исплатата е над максималниот износ.

Анализата покажува дека една од основните карактеристики на капитално финансираното пензиско осигурување е дека подолгиот период на членство овозможува акумулирање на поголем износ на средства на индивидуалната сметка и подолг период за оплодување. Тоа, како што е наведено во соопштението, се должи на континуираните уплати на придонеси, остварените приноси од инвестирањето и нивната понатамошна капитализација, што придонесува за постепен раст на средствата во текот на периодот на членство.

Корисниците опфатени со анализата се лица кои самостојно донеле одлука за продолжување на членството во вториот пензиски столб, што го потврдиле со потпишување Изјава за продолжување на членството.

Податоците за пензиската основица даваат информација за висината на која се врши пресметката на пензиите и даваат информација за висината на платата која ја остварувале корисниците на пензија.

Анализата обезбедува сеопфатен увид во бројот, структурата и карактеристиките на тековните корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување. Истовремено, таа ја прикажува улогата на вториот пензиски столб во обезбедувањето пензиски надоместоци од индивидуално акумулирани средства и претставува основа за континуирано следење на развојот на системот. 

МИА

Може да ви се допадне

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
ДИЗ за шест месеци изврши 22.000 надзори, во делот на откупот издадени 409 решенија
Компаниите ќе имаат можност по електронски пат да добијат „Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки“ и „Уверение за квалитет V1 – сертификат за извоз на вино“
Четворица починати од вирусот западен нил во Грција
Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
Таг:147 лицаВториотпензијапензиски столб
Претходен напис ДИЗ за шест месеци изврши 22.000 надзори, во делот на откупот издадени 409 решенија
Следен напис ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?