Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ДИЗ за шест месеци изврши 22.000 надзори, во делот на откупот издадени 409 решенија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ДИЗ за шест месеци изврши 22.000 надзори, во делот на откупот издадени 409 решенија
Агровести

ДИЗ за шест месеци изврши 22.000 надзори, во делот на откупот издадени 409 решенија

Објавено 30/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во првата половина на 2026 година Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) спроведе речиси 22.000 инспекциски надзори, во чии рамки, во делот на откупот, се издадени 409 решенија (наредби, опомени и задолженија) – рече денеска директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, тој истакна дека ДИЗ моментно се соочува со недостиг на кадар поради одливот на инспектори, кои одат во пензија.

– Инспекторатот во целост ги исполнува своите обврски. Континуирано на терен, во текот на целата година, во зависност која култура е актуелна за откуп. Постапуваме во согласност со Законот за земјоделството и руралниот развој и во текот на откупот нашите земјоделски инспектори ги следат условите што треба да ги исполнат откупните компании при процесот на откуп на земјоделски производи. Притоа се следи дали компаниите ги исполнуваат минимално-техничките услови за вршење откуп, дали поседуваат соодветни простории и опрема за вршење откуп, дали имаат верификувани мерни инструменти за откуп, како и други услови што треба да ги исполнат во согласност со законската регулатива. Во однос на бројот на инспектори, морам да кажам дека во моментот се соочуваме со недостиг на кадар. Имаме евидентен одлив во однос на инспектори што одат во пензија и во наредниот период мора систематски да поработиме на тој дел, на вработување нов кадар што ќе ги покрива сите наши активности – напомена директорот.

Во однос на извозот, Ангеловски објасни дека ДИЗ е надлежен да ја контролира здравствената исправност на пратките.

– Извозот е активност што се одвива во текот на целата година. Ние како надлежен Инспекторат сме задолжени за фитосанитарна сертификација, односно за издавање извозен документ, кој ја потврдува здравствената исправност на пратките, и гарантираме дека тие пратки не се заболени, здравствено се исправни и ги исполнуваат условите за извоз – рече директорот на Инспекторарот. 

МИА

Може да ви се допадне

Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ
Компаниите ќе имаат можност по електронски пат да добијат „Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки“ и „Уверение за квалитет V1 – сертификат за извоз на вино“
Четворица починати од вирусот западен нил во Грција
Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран
Таг:22.000 надзори409 решенијаДИЗоткупот
Претходен напис Компаниите ќе имаат можност по електронски пат да добијат „Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки“ и „Уверение за квалитет V1 – сертификат за извоз на вино“
Следен напис Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?