Сармите од лозови листови се дел од македонската национална кујна, може да се служат топли или ладни, и како предјадење или главно јадење.
Состојки:
- 30 лозови листови
- 1 главица кромид
- 500 грама мелено месо
- свежо нане и магдонос
- 100 грама ориз
- маслиново масло
сол, бибер и сув зеленчук
Подготовка:
Темелно измијте ги листовите од винова лоза, отсечете го дебелиот дел од дршките и кратко сварете ги во зовриена вода. Распоредете ги на послужавник за да се изладат. Исецкајте го кромидот и пржете додека не добие златна боја, додадете го меленото месо и со постојано мешање пржете околу 5 минути, додадете го оризот, магдоносот, нането и сите зачини и измешајте се заедно.
Тргнете ја од оган подготвената смеса и ставете по една лажица од неа на секој лист. Виткајте ги полнетите листови (сармички) и редете ги во широко и плитко тенџере. Пред да ги наредите сармичките, премачкајте го дното на тенџерето со маслиново масло и целосно обложете го со дополнителни листови од винова лоза.
Наредете ги сармичките врз овој слој од листови.Откако ќе ги наредите сите сармички, прелијте ги со жешка вода и поклопете го тенџерето. Гответе на тивок оган, додавајќи уште малку жешка вода доколку е потребно. Проверете дали се сварени со боцкање со виљушка; внимавајте да не ги преварите, бидејќи не треба да станат премногу меки и кашести. Послужете со кисело млеко.
МИА
