Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
Агровести

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница

Објавено 27/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. 

Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со  амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет, а со кои обезбедени се дополнителни средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. 

Со ребалансот на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 379,5 милијарди денари, а вкупните расходи на ниво од 425,8 милијарди денари, при што, како што велат од МФ, дополнителните средства се насочени кон јасно утврдени приоритети.

– Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за земјоделските субвенции, повеќе средства за субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, како и  за студентскиот и ученичкиот стандард. Oбезбедена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци, за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и дополнителни средства за здравствена заштита. Со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции и се на ниво од околу 46 милијарди денари, што е зголемување за 14,5 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Истовремено се намалуваат расходите за стоки и услуги, велат од МФ.

Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво 46,3 милијарди денари или 4,1 процент од БДП, а економскиот раст на 3,5 проценти. 

Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ребалансот на Буџетот ќе овозможи продолжување на економскиот раст, забрзување на инфраструктурниот развој и реализација на проекти кои ќе донесат конкретни придобивки за сите граѓани.

– Ребалансот  претставува внимателен баланс помеѓу фискалната одговорност, потребата од забрзан развој и сериозен фокус на капиталните инвестиции. Обезбедува стабилност на јавните финансии, но истовремено создава услови за повеќе инвестиции, поголема економска активност и подобар животен стандард за граѓаните – оцени Димитриеска Кочоска, во образложение на ребалансот. 

МИА

Може да ви се допадне

На ГП Богородица, времето на чекање е околу 30 минути поради најавениот штрајк
Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
Нови евакуации на население во текот на ноќта поради големите пожари во Франција и Шпанија
На ГП „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од државата
(ВИДЕО) Македонско органско производство за швајцарски пазар
Таг:БуџетотДополнетиот ребаланспленарна седница
Претходен напис Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
Следен напис На ГП Богородица, времето на чекање е околу 30 минути поради најавениот штрајк
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?