Органското производство во Македонија има потенцијал да стане клучен двигател на руралниот развој. Големата побарувачка за македонски органски производи на швајцарскиот пазар, бара од компаниите да зголемат количини и да обезбедат соодветен квалитет. За да го постигнат тоа, тие инвестираат во нови технологии, ЕУ-сертификација и модернизација на производството. Чекори што носат нови приноси и овозможуваат зголемување на капацитетите.
Приватниот сектор вложува и во сопствениот ланец на добавувачи, користејќи го како механизам за поттикнување на иновативност, продуктивност и воведување стандарди на одржлив агробизнис.
Преку процес на кокреација, компаниите и нивните партнери заеднички управуваат и споделуваат ресурси за да ги зајакнат синџирите на снабдување и да ја подобрат конкурентноста. Ваквиот пристап создава нови можности за инклузивен раст и креирање работни места.
Во ова видео компаниите „Органико“, „Дарион“ и „Балески органик“, ја претставуваат својата приказна за тоа како македонското органско производство се позиционира и успешно се пласира на швајцарскиот пазар.
Преку стратешки партнерства и инвестиции на приватниот сектор во сопствениот ланец на добавувачи, се обезбедува квалитет и одржливост на земјоделското производство. Компаниите „Органико“, „Дарион“ и „Балески органик“, покажуваат дека македонското органско производство има потенцијал да биде препознаено и ценето на меѓународните пазари. Тие ја зајакнуваат својата конкурентност и отвораат нови можности градејќи иднина во која македонската органска храна успешно се пласира на швајцарскиот и на други европски пазари.
