Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Домашни фирми дел од дигитална платформа за вмрежување со глобални синџири за набавка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Домашни фирми дел од дигитална платформа за вмрежување со глобални синџири за набавка
Агровести

Домашни фирми дел од дигитална платформа за вмрежување со глобални синџири за набавка

Објавено 23/06/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) со експертска и финансиска помош ќе им помагаат на домашните мали и средни фирми добавувачи да ја подигнат конкурентноста за соработка со инвеститорите од зоните и да се поврзат со глобалните синџири за набавка. Мали и средни добавувачи од државава заедно со фирми од Србија и Албанија ќе бидат дел од 100-те компании што за почеток ќе бидат поврзани со големи меѓународни компании преку дигитална платформа.

Договорот за соработка и партнерство меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и ИФЦ, што беше потпишан денеска, на домашните компании треба да им се обезбеди поголем дел од колачот што се создава во технолошко индустриските развојни зони.

– Во 2020-та, пандемиска година, вкупниот обем на економска активност во зоните беше 3,4 милијарди евра, во 2019 година овој колач изнесуваше 3,7 милијарди евра, а според бројките што сега ги објавивме за движењата во 2021, а очекување е дека овој колач ќе биде над 4 милијарди евра. Нашата цел како држава е како на домашните компании да им обезбедиме поголемо учество во овој колач. Она што го имаме сега како податок говори дека е недоволно и не е повеќе од два до три проценти во вкупниот обем на економијата тука во зоните – изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на ТИРЗ.

Ќе се подготви, појасни, програма што советодавно и финансиски ќе им помогне на домашните компании да го подигнат нивото на технолошка подготвеност и да бидат конкурентни за влез и соработка со големи меѓународни компании во рамки на технолошко индустриските развојни зони, како и регионалните, европските и светските пазари.

Соработката со ИФЦ, појасни Деспотовски, е чекор кон обезбедување поголем удел на домашните компании. Прв чекор е платформата каде меѓу другото и домашните компании од Република Северна Македонија имаат можност да се регистрираат и да бидат проценети и оценети како подобни од страна на меѓународни експерти во однос на тоа колку и каде може да влезат за соработка. Вториот сегмент, истакна, е многу важен и се однесува на тоа како да ги помогнеме и да ги поттикнеме домашните компании да го унапредат своето ниво на технолошка подготвеност, да ги зголемат вештините на вработените и да ги обезбедат сите потребни сертификати и потврди за квалитет што им се неопходни да влезат во овој вредносен синџир, односно да зафатат дел од тој колач, рече Деспотовски.

Ари Нам, регионален раководител на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, изјави дека целта е да се подобри конкурентноста за поголема регионална соработка.

– Поврзувањето на локалните мали и средни претпријатија со синџирот на големите глобални компании е со цел да се подобри конкурентоста. Соработката со Дирекцијата на ТИРЗ ќе овозможи да се донесе сопствена програма со која ќе им се помогне на малите и средни претпријатија – рече Нам, посочувајќи на податокот дека во Северна Македонија има влез на доста странски инвеститори, како и можности за развој на домашните фирми.

Магдалена Шуљакова, претставник на ИФЦ во државава, укажа дека меѓународните компании бараат начини како да интегрираат повеќе локалните фирми во својот производен процес.

– Постојат голем број меѓународни компании кои полека доаѓаат во регионот и го сметаат како атрактивен и поради тоа сметаат дека би можеле тука да дојдат со своето производство. Меѓутоа, констатиравме дека иако има доста големи конкурентности во овој регион, постои млада и едуцирана работна сила, цените на работната сила и услугите се доста ниски, постои проблем дека голем дел од фирмите што се тука во регионот, малите и средните форми, не беа доволно интегрирани во т.н глобални вредносни синџири – рече Шуљакова.

Првата од трите компоненти на програмата е платформата која ќе ги спои добавувачите, од регионот, со големите компании кои се присутни во Западен Балкан и пошироко. Таа ќе се подготвува од следниот месец и во пилот фаза во наредните шест месеци ќе бидат опфатени 100 фирми добавувачи од Србија, Северна Македонија и од Албанија, како и купувачи кои се веќе присутни во Западен Балкан, но и кои не се.

– Ако порано имаше проблем фирмите да најдат кај се и кои се купувачите, сега ќе постои еден пазар на дигитално ниво каде што тие ќе може да се сретнат – рече Шуљакова.

Покрај на подобрување на вештините и техничките способности на добавувачите ќе се работи и на подготовка на регулатива која ќе им помогне на домашните фирми и на странските инвеститори да работат подобро. Планирани се и активности со банките за да можат да исплатат финансиски продукти кои ќе им помогнат на малите и средните претпријатија за финансирање на проектите. Средствата за реализација на програмата ги обезбеди Швајцарската агенција за економски развој.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Јован ДеспотовскиТИРЗ
Претходен напис 9 совети како брзо да се разладите на екстремните жештини
Следен напис МЖСПП: Концентрацијата на ПМ 10 честичките во текот на вчерашниот ден е благо надмината
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?