Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ристе Димов од Пирава: Вода нема доволно, принудени сме да инвестираме во бушотини од сопствен џеб
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Ристе Димов од Пирава: Вода нема доволно, принудени сме да инвестираме во бушотини од сопствен џеб
Шумарство и водостопанство

Ристе Димов од Пирава: Вода нема доволно, принудени сме да инвестираме во бушотини од сопствен џеб

Објавено 28/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ристе Димов од Пирава – валандовско, е професионален пожарникар, но во слободно време се занимава со земјоделско производство за дополнителен приход. Одгледува бостан, зелка и пченица.

Неодамна инвестираше во бушотина за да си го олесни наводнувањето на површините насадени со зелка.

-Најпрво имав бушотина од 12 метри рачно изработена, но поради големите суши нивото е намалено.Секоја година садам зелка на различна површина во зависност од квалитетот на семето кое го набавуваме. Иако секоја година цената е повисока на семето квалитетот е полош. На пример оваа година пуштивме семе за 7 декара (25.000 семки) добивме расад за 3 декара.

Во врска со бушотината тоа е моја инвестиција се надевам исплатлива. Цената на бушотината варира во зависност од многу фактори почнувајќи од 50 евра за метар па нагоре. Моравме да инвестираме во бушотини, бидејќи имаме систем за наводнување “Вардарска долина” кој во време на изградба ветуваше функционирање од 24/7, но моментално не функционира ниту 24 часа во една седмица. Изговор за тоа е недоволен број пријавени вадачи, а ние имаме насади на своите ниви. Принудени сме да инвестираме огромни суми за бушотини од сопствен џеб да извадиме производство кое може нема да ни ги врати ни парите за семенски материјал, а да не зборуваме за ѓубрива,пестициди, вода, нафта….вели Димов.

За важноста на наводнувањето во земјоделското производство е повеќе од јасно, но Димов вели дека тоа е само еден дел од целата состојба во земјоделството која не е добра и треба да се превземат мерки со кои ќе им се помогне на земјоделците, особено младите кои се помалку сакаат да се занимаваат со земјоделско прозводство.

-Крајно време е да се согледаат проблемите на земјоделците. Да се превземаат мерки со кои ќе се потикнат младите да работат земјоделие, да се финансираат одредени средства за бушотини и да се загарантира цената на производството. Бидејќи млади кои работиме со земјоделие преминуваме во ендемски вид – вели Димов.

Според најавите на МЗШВ мерки наменети за поддршка на младите земјоделци се планираат во програмата за следната година.

Може да ви се допадне

Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Израелскиот рецепт за земјоделство: Не повеќе вода, туку повеќе знаење
Забрана за пиење вода од водоводите на повеќе охридски села
Без струја и вода ќе останат корисниците на неколку населби
Таг:бушотиниводаземјоделецпирава
Претходен напис 60% грант од ИПАРД за ГРАДИНАРСКО ПРОИЗВОДСТВО: Трактори, систем за наводнување, бунари, магацин, ладилник…
Следен напис НАЈК ПРОМ ДООЕЛ: Пумпи за вода од светски познатиот италијански бренд OKAY Ekonomic
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?