Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 24 ТВ: Македонските земјоделци ги почнаа подготовките за пролетната сеидба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > 24 ТВ: Македонските земјоделци ги почнаа подготовките за пролетната сеидба
Растително производство

24 ТВ: Македонските земјоделци ги почнаа подготовките за пролетната сеидба

Последна измена: 29/03/2020 17:43
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Ковид 19 и сушата, македонските земјоделци пред стартот на пролетната сеидба се борат на два фронта. Ги почитуваат препораките на надлежните и ограничувањето на движење но почнаа и со подготовки за пролетната сеидба. 

Последните врнежи од дожд и снег ги ублажија последиците од сушата, но таа се уште претставува голем проблем особено за производителите на ориз. Најголемата брана на истокот, Калиманци, се уште нема доволно вода за да се наводуваат сите предвидени површини. Наредната недела ќе се прави ревизија на планот за наводнување по што ќе се знае колку површини под ориз, но и други култури ќе бидат засеани.

„Во моментов дотокот на вода е од седум до девет кубни метри вода, што е добра количина. Чекаме да видиме колку ќе ја наполни акумулацијата дополнителното   топење на снегот, но и очекуваните нови врнежи од дожд. За да се почне наводнителната сезона потребни се од 75 до 80 милиони кубни метри вода“ вели Дени Митров директор на Водостопанство „Брегалница“ – Кочани.

На самиот старт пред сеидбата оризопроизводителите, од регионот на Чешиново-Облешево што 80% егзистира од производство на ориз, се плашат дека нема да има доволно вода за нивите.

Инаку од Обединетите нации предупредија дека вирусот што ги затвори границите може да предизвика и недостиг од свежа храна, овошје и зеленчук. Придонес во тоа имаат  и протекционистичките мерки што дел од земјите веќе ги воведоа за забрана на извоз на одредени производи за да ја задоволат домашната побарувачка, но и недостигот на сезонски работници. 

Поради дел од мерките земјоделците од најпогодените земји од корона вирусот предупредуваат дека овошјето и зеленчукот ќе скапе на нивите, а во прашање е доведена и пролетната сеидба ако состојбата не се промени. Затоа голем дел од нив го мобилизираат сопственото население како замена за сезонските работници.

Извор – 24 ТВ

Може да ви се допадне

До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Максимов: Трговците знаат да си ја зголемат маржата по однос додавање „крш“ во оризот, граѓаните тоа не го знаат 
(ВИДЕО) Трипуновски смирува: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни
Во застој откупот на оризот од минатогодишното производство
Трипуновски: Се подготвуваме за претстојната сезона на сеидба на ориз
Таг:брегалницалекамеоризповршинирастенија
Претходен напис Од 30-тата седница на Владата: Земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи
Следен напис (ВИДЕО) Производителите на раноградинарски култури бараат отворени пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?