Првата пратка ѓубриво произведено во Русија во вторник е испратена од Холандија во Малави како дел од претходно договорениот договор за извоз на Обединетите нации, изјави портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Стефан Дујарик.
Тој повтори дека ОН ја поздравуваат донацијата од 260.000 тони ѓубриво складирани во европските пристаништа и магацини, кои ќе служат за ублажување на хуманитарните потреби и спречување на катастрофална загуба на родот во Африка, каде што моментално е во тек сезоната на сеидба.
Пратката од 20.000 тони ѓубриво е прва во низата наменета за Африка во наредните месеци, нагласи тој, додавајќи дека товарот ќе биде испратен во Малави преку Мозамбик.
Договорот со посредство на ОН, првпат склучен во јули, беше обновен претходно овој месец и дозволува извоз на житарки од три украински пристаништа на Црното Море, како и извоз на ѓубриво од руско производство и покрај руската инвазија на Украина.
„Обединетите нации продолжуваат со интензивните дипломатски напори со сите страни за да обезбедат непречен извоз на клучните прехранбени производи и вештачки ѓубрива од Украина и Русија, изземени од режимот на санкции, на светските пазари“, додаде портпаролот.
The donation of 260,000 metric tonnes of fertilizer from Russian producers will help alleviate humanitarian needs & prevent catastrophic crop loss in Africa.
The @UN will continue to make every effort to ensure global food security for 2023. https://t.co/Z5SS1oFvUM
— António Guterres (@antonioguterres) November 30, 2022
