Актерката Марија Петронијевиќ, ѕвездата на серијата „Село гори, а баба се чешла“, целосно се повлече и живее далеку од камерите и очите на јавноста, а познато е дека се вратила во родното село Висибаба, се посветила на имотот и земјоделството.

На социјалните мрежи редовно објавува фотографии од селото и делува како да го пронашла својот мир и среќа.
Најголемо изненадување за неа било кога непознат човек ѝ подарил овца со која актерката се сликала и на убав начин му се заблагодарила за подарокот. Марија денес има стадо овци, а на својот инстаграм-профил ја покажа и нивата на која нејзините овци пасат.

„Сѐ уште сами бираат каде… И со секој нов ден ги има сѐ повеќе“ – напиша Марија во опис на фотографијата.
Марија открива дека не се срами да работи каква било земјоделска работа.
„Ако од март до октомври шетате секој ден покрај моите ниви, веројатно би ме сретнале со тример, чекан, мотика, прскалка, како развлекувам црева, берам јагоди, палам и гасам некои пумпи. Површината која е под јагоди не е преголема, но вкупната површина на земјоделското земјиште кое го обработувам и кое сама го култивирав е околу три хектари. На еден дел од земјиштето расте трева, која од оваа година ја наводнувам и планирам да купам некои машини за косење и нагмечување, па растурање и балирање бидејќи имам и десетина овци, кои се хранат со тоа сено“ – вели таа за Блиц и додава:

„Во барата која во овој момент е димензионирана на околу 1.500 кубни метри вода планирам да одгледувам шаран, според препораките на некои стручњаци, ресурсите ги насочувам во изградба на еден природен еко-систем. За сето тоа ќе ми бидат потребни уште неколку години.“, вели Марија.


На следниов линк погледнете како Марија сама ги стриже овците.
