Семејството на познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одлучило да ги засади лозовите насафи во селото во срцето на Србија, Липовац во близина на Топола.
Добрата клима, големиот број сончеви часови и специфичната ружа на ветрови го прават грозјето исклучително слатко, па на ова место се прават најквалитетните вина во Србија, наведува РИНА.
Во ова село секоја втора куќа се занимава со лозарство. Она што е забележливо е дека се повеќе млади луѓе се свртуваат кон овој бизнис, па селото иако мало, има дури десет винарии.
-На четири хектари ни се протегаат лозовите насади. Се одлучивме за традиционално производство на вино, како што тоа го правеше и мојот прадедо. Малага е сорта која дава вино со исклучителна арома, мускатно. Наша цел е да произведеме што повеќе од него и да биде посебен печат на нашата винарија. Покрај Малага, доста е застапено и Шардоне, кој е крал на сортите за белите вина, потоа Вранец, Каберне и Прокупац кога се во прашање црвените, а неизбежниот сочен хамбург за розе – вели Немања Петровиќ, лозар.
Жителите на ова село истакнуваат дека овој регион со право се нарекува српска Тоскана и дека не треба да чуди што дури и семејството Ѓоковиќ го избрале за своите лозја. Традицијата за правење вино овде се пренесува од колено на колено, а често и помладите членови на семејството можат да се видат на работа во текот на сезоната. Уште од мали нозе учат дека работата во лозјето може да биде тешка, но и многу убава. Секое семејство има своја тајна во правењето вино.
-Виното треба да биде пријатно и освежително, да има пријатен мирис, а најдобро е она што е одлежано во бочва. Некои од нашите вина се чуваат во подрум, а некои во ладилник, во зависност од сортата. Младите во нашето село ги препознаа потенцијалот и шансата во лозарството, па се повеќе од нив се одлучуваат да се впуштат во производство, што се гледа и по бројот на винарии во Липовац. Најважно е да останете верни на традицијата, да не се споредувате со другите, бидејќи вината од Топола имаат своја специфичност, што отвора врата за многу пазари. Засега нашата винарија е мала, нема ни име, но сите што го пробаа локалното вино беа воодушевени – вели младиот лозар Немања.
Вината Ѓоковиќ Шардоне 2020 од винаријата Ѓоковиќ се со прецизна сортна арома, со многу зрели плодови, диња, круша и манго и Ѓоковиќ Шира 2020 – со арома на црно овошје и со малку цветни тонови.
Лозовите насади на семејството Ѓоковиќ зафаќаат шест хектари, од кои три се бели сорти, а три црни.
Во првата берба во продажба биле пуштени околу 8.500 шишиња, а капацитетот на винаријата е околу 60.000 литри.