Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто медот се зашеќерува?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Зошто медот се зашеќерува?
Магазин

Зошто медот се зашеќерува?

Објавено 26/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сигурно многупати сте се запрашале зошто медот се зашеќерува?
Станува збор за природен процес кој не го нарушува квалитетот ниту вкусот на медот, бидејќи тоа не значи дека медот се расипал, туку дека само кристализирал – тоа е сосема нормална појава, која не ја нарушува оригиналната арома, вкусот ниту лековитите потенцијали на медот.

Зашеќерениот мед е всушност доказ дека е со висок квалитет т.е дека е органски и дека не поминал низ постапка на обработка. И во оваа форма може да се користи за засладување на чајот, кафето или млекото, но треба да се внимава со дозирањето за напивките да не бидат преслатки.

Оние пак на кои им е тешко да ракуваат со стврднатиот мед – можат, по желба, да го вратат во првобитната состојба со загревање.

Дали и во која мерка медот ќе се кристализира, тоа главно зависи од одредени хемиски и физички својства на овој природен сладок производ. Медот од кошница кој по текстура е мазен и течен претставува комбинација на помало учество на вода и два вида шеќер, повеќе гликоза и фруктоза, со додаток на некои други честички.

Медот може да остане во оваа агрегатна состојба извесно време, но може да се промени при одредени надвореши влијанија, особено температурните. Имено, дури и ако садот со мед е адекватно затворен, складирањето во фрижидер наместо на собна температура – или одлагање на медот со амбиентална температура помеѓу 10 и 20 ºC најчесто делува како каписла за кристализација.

Во тие околности, поедини молекули на гликоза во медот почнуваат да се врзуваат во помали честички и формираат кристална структура, а во меѓувреме, како што напредува тој процес, кристалите се лепат едни за други и медот почнува да се стврднува. Она што е важно да се каже е дека органските, суровите, необработените сорти на мед се посклони кон зашеќерување токму затоа што во нив има повеќе честички како полен, восок и прополис, кои обично се делумно или целосно отстранети во процесот на пастеризација – затоа и шансата рафинираните медови да кристализираат е многу помала.
Меѓутоа, овие сорти имаат пониска нутритивна вредност од оние органските, бидејќи загревањето ги оштетува важните ензими и го намалува нутритивното богатство на овој производ.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:зашеќерувамед
Претходен напис Маслото за јадење со раст на цената од 30 насто, граѓаните се жалат на повисоките цени
Следен напис Од понеделник почнува етапната исплата на мартовските пензии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?