Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто мулчирањето на компирот станува глобален тренд?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зошто мулчирањето на компирот станува глобален тренд?
Агровести

Зошто мулчирањето на компирот станува глобален тренд?

Последна измена: 12/01/2022 09:55
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Компировиот молец (Phthorimaea operculella) е инсект кој ги оштетува растенијата од семејството Соланацеа и е со потекло од Јужна Америка. Во моментов е присутен во повеќе од 90 земји низ целиот свет.

Создава големи проблеми во Нов Зеланд во близина на градот Пукехоха, познат по одгледувањето компири. Како што пишува Потатоесенз, главната причина се сувите и топли лета и благите зими, што им овозможува на земјоделците да го чуваат овој вид зеленчук на нивите од средината на јануари до април. Меѓутоа, пукнатините во почвата овозможуваат ларвите на молецот да влезат во компирот.

„Органофосфорните пестициди се користеа за заштита на земјоделските култури од овој штетник, но поради прекумерната употреба, лошото влијание врз животната средина и резистентноста, потребни се алтернативи“, рекол Шејн Смит, извршен директор на „Инта-Аг“, кој нуди совети и решенија за производството на зеленчук.

Затоа, оваа компанија тестирала како мулчирањето со слама делува против компировиот молец. Во октомври минатата година на површина од еден хектар околу растенијата ставиле 10 тони малч. На тој начин, велат тие, им поставиле стапици на штетниците. Да потсетиме дека со овој метод на одгледување, поретко се појавува и компировата златица, а оваа техника веќе е широко користена од британските производители.

Помалку плевел, помалку болести и помали трошоци

По мулчирањето забележени се и други позитивни ефекти. Имало помалку плевел, а била подобра контролата на габични заболувања, особено бело гниење (Sclerotinia spp.). Конечните резултати од оваа студија се очекуваат во април или мај по вадење на компирите.

Во однос на потенцијалните трошоци за земјоделците кои сакаат да ги малчираат своите посеви, Шејн рекол дека во голема мера тоа ќе зависи од цената на сламата. Одгледувачот кој го спровел експериментот имал и свој јачмен, па наместо да ја продава, сламата ја користел како мулч за компирот и така ги намалил трошоците.

Општо земено, многумина во Нов Зеланд одгледуваат јачмен како претходна сеидба за кромид, така што овој материјал не би требало да има висока цена, смета тој.

Следната сезона, истражувачите ќе ја прошират експерименталната област на 20 хектари на територијата на две или три различни фарми кои одгледуваат компири. Тие сметаат дека е важно во ова да се вклучат оние на кои се појавува молецот од компири во големи размери. Покрај тоа, ќе се извршат тестови и на други култури кои ќе служат како покривни посеви, како што се леќа, лен, детелина и ротквица.

Може да ви се допадне

Српските млекари и сточари бараат итна средба со министерот за земјоделство
Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво
Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин
Таг:компиркомпиров молец
Претходен напис Шведска останува без ѓубре, па мора да го увезува
Следен напис Хоџа: За три дена може да се откупи вишокот тутун од 1.500 тони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?