Главната причина поради која телињата се одвојуваат од своите мајки е поради нивна безбедност.
Еби Кокс за Animal Agriculture Alliance пишува дека околу таа практика постојат и одредени заблуди и наведува дека многумина сметаат дека е важно телето да не се одвојува од кравата.
Како прво објаснување за разбивање на овој мит е тоа дека животните не се како луѓето. Кравите живеат во стада, што значи дека им е најпријатно со оние на нивна возраст и големина.

Мајчински инстинкт
Вистина е дека првите два часа по отелувањето постои јасна врска меѓу неа и телето и токму тогаш е важно да бидат заедно. Кравата во тој период го лиже своето младо, со што го поттикнува да стане и да почне да се движи.
Меѓутоа, по тој почетен период, кравата станува сè понемирна и сака да биде опкружена со животни од своите стада, а поради нејзината вознемиреност постои можност да го згази телето или да го повреди на некој друг начин.
За сериозноста на повредите доволно зборува фактот дека возрасна молзна крава има просечно 500 кг, а телето 10 пати помалку, до 50 кг.
„Зборувајќи од сопственото искуство, кога кравата ќе го згмечи или ќе го нагази, ние фармерите, дури ни ветеринарите, не можеме многу да направиме. Тешко е да се гледаат такви случаи кои редовно се случуваат кога предолго ќе останат заедно“, вели Кокс, појаснувајќи дека затоа е важно да се одвојат навреме.
Телињата немаат развиен имунолошки систем
За разлика од нас, луѓето, овие животни имаат поинаков вид постелка, што на крај доведува до фактот дека немаат развиен имунолошки систем за борба против болестите, наведува Кокс.

Поради тоа постои опасност брзо да фатат инфекција.
„Кравите понекогаш не се чисти животни. Можеме да им ја чистиме шталата и трипати дневно, ама ако тие сакаат да се отелат во највалканиот дел, тоа и ќе го направат. А ако телето цица од извалкано виме, би можело да се зарази“, вели Кокс.
Меѓутоа, мајката произведува колострум, кој содржи материи потребни за негова отпорност на инфекции од бактерии и вируси. Со негово земање телето го добива потребниот, односно пасивниот имунитет од мајката. Тоа доаѓа само во првото молзење по отелувањето, а веќе во второто уделот на антителата е помал за 40 проценти.
Кокс додава и дека понекогаш кравите се разболуваат откако ќе се отелат, а тоа може да влијае на квалитетот на колострумот. Ако телињата се хранат со заменско млеко, исто така треба да се води сметка за хигиената.
Со оглед на тоа што телињата се иднина на стадото, важно е добро да се грижиме за нив за да пораснат во здрави животни.
