Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зоран Заев за словенечко „Дело“: Со зелени енергетски проекти обезбедуваме транзиција од јаглен на еколошки енергенси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зоран Заев за словенечко „Дело“: Со зелени енергетски проекти обезбедуваме транзиција од јаглен на еколошки енергенси
Агровести

Зоран Заев за словенечко „Дело“: Со зелени енергетски проекти обезбедуваме транзиција од јаглен на еколошки енергенси

Објавено 22/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во интервју за интернет изданието на словенечко „Дело“ го потенцира интересот на земјата за инвестиции во енергетиката за постепено преминување кон обновливите извори на зелена енергија.

„Со зелени енергетски проекти ревносно ја следиме еколошката агенда на државата, согласно Европската зелена агенда, односно ја спроведуваме праведната транзиција од јаглен во еколошки енергенси за производство на електрична енергија“, истакнува премиерот Заев во интервјуто за електронското издание на словенечкиот дневен весник „Дело“.

„На местата каде што претходно функционираа рудниците за јаглен и загадувачките термоцентрали, сега се градат фотонапонски електрани или гасни електроцентрали, како што е трансформацијата на термоцентралата „Неготино“ со проценета инвестиција од 200 до 500 милиони евра за нови 100 мегавати зелена енергија. Овие денови започнува изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, инвестиција вредна 21 милион евра. Дополнително започнува реализацијата и на нови ветерни паркови во Св. Николе, Демир Капија и во Дебрца“, вели Заев за „Дело“.

Премиерот Заев одговара и на интересот на медиумот за останатите енергетски проекти.

„Влеговме во втората фаза од огромниот проект Чебрен за изградба на хидроцентрала за која се квалификуваа 9 од 10 пријавени конзорциуми или компании од Европа и Кина. Станува збор за проект вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех“, нагласува Заев за „Дело“.

Во интервјуто за „Дело“ Заев говори и за изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава за кои наскоро ќе заврши и тендерската постапка за избор на приватен партнер за изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас до македонските градови.

„Со изградбата на Интерконекторот со Грција, проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан, наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години, се држеше во монополска позиција, отворена е можноста да влезе и азербејџанскиот гас како и течниот гас од Америка, од Катар и од Турција. Влеговме во постапка и за прва директна државна инвестиција во гасниот терминал во Александрополис во Грција и во гасната централа исто така во Александрополис“, потенцира претседателот на Владата Заев во интервјуто за електронското издание на „Дело“, и дополнува дека во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекти, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас и еден од главните играчи во регионот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еколошки енергенсизаевинтервјујаглен
Претходен напис Македонија има задоволителни водни ресурси, потребно е рационално управување со нив
Следен напис ММФ: Постојат изгледи за побрзо закрепнување на економијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?