Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зоран Заев: Новата велосипедско-пешачка патека во Свети Николе има важно место за рекреација на граѓаните и за зголемување на зелените површини во локалните заедници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Зоран Заев: Новата велосипедско-пешачка патека во Свети Николе има важно место за рекреација на граѓаните и за зголемување на зелените површини во локалните заедници
Рурален Развој

Зоран Заев: Новата велосипедско-пешачка патека во Свети Николе има важно место за рекреација на граѓаните и за зголемување на зелените површини во локалните заедници

Објавено 04/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски денеска беа на увид на новата пешачка и велосипедска патека во Општина Свети Николе која веќе е готова и подготвена за користење.

Средствата за пешачката и велосипедска патека, која ја добија граѓаните на Свети Николе се неповратен грант од Програмата за рурален развој.

Како што истакна премиерот Заев, станува збор за модерна и урбана зона, која е хортикултурно уредена со зеленило и претставува прекрасно место каде што граѓаните ќе можат да се релаксираат.

Велосипедската и пешачка патека води од Свети Николе до археолошкиот локалитет Била Зора во с. Кнежје и е долга околу 2.100 метри.

„За Владата на Република Северна Македонија програмите за спорт и рекреација, како и зголемувањето на зелените површини остануваат важни алки кои придонесуваат кон развој на прогресивното општество и овозможуваат стекнување и ширење на основните етички принципи особено кај младите луѓе. Спортските активности имаат витална улога кај младата популација, од една страна, по однос на здравјето и правилниот развој, а од друга, ги учат младите на вредностите на заедничката работа, дисциплина, делењето на успесите и наградите за постигнатите резултати“, рече премиерот Заев.

Патеката е со вкупна вредност од околу 17 милиони денари, од кои пет и пол милиони денари кофинансира Општината Свети Николе. Останатите средства се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа.

Градоначалникот Велковски информира дека долж патеката се посадени 1.000 садници, а поставени се 66 канделабри и повеќе места за одмор.

„Патеката веќе се користи, што е потврда дека вакво место за релаксација беше потребно во нашиот град”, рече Велковски.

Средствата за овој, но и за останатите два проекти што ги има добиено општината се обезбедени од Програмата за рурален развој.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Објавен Јавен повик од програмата за рурален развој Мерка 213 – Поддршка за зачувување на руралните предели
Таг:зоран заеврурален развојсвети николе
Претходен напис Арјанит Хоџа: Успешната бизнис-приказна на „Везе Шари“, мотив за младите луѓе кои сакаат да се вклучат во земјоделскиот сектор
Следен напис Биткоинка – првата крава во Црна Гора платена со криптовалута!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?