Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделското осигурување – економска заштита и сигурност за производителите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделското осигурување – економска заштита и сигурност за производителите
Агровести

Земјоделското осигурување – економска заштита и сигурност за производителите

Објавено 17/05/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Временските услови се главниот фактор за неизвесност на земјоделското производство, а во услови на глобални климатски промени потребно е да се управува со тој ризик, со цел барем до одреден степен да се компензираат последиците од временските неприлики. Значењето на земјоделското осигурување е во тоа што обезбедува економска заштита на осигурениците – земјоделски субјекти, од штетни дејства и нарушувања кои произлегуваат од настанување на случајот покриен со осигурувањето, односно остварување на ризикот со осигурително покритие. Трошоците за земјоделско осигурување се занемарливи во однос на ползата која тоа им ги дава на осигурениците – земјоделските субјекти.

Задолжителното земјоделското осигурување, особено осигурувањето на посевите, постои во многу држави како институционален одговор на актуелните ризици кои го следат земјоделството
производство.

И во нашата земја земјоделското осигурување станува задолжително со закон, кој треба да стапи на сила во 2024 година. Новиот концепт на земјоделско осигурување предвидува формирање на осигурителен пул, чија цел ќе биде осигурување на земјоделското производство на сите земјоделци. Како што информираат од МЗШВ, новиот закон е брзо и подобро системско решение преку кое земјоделците исплатата на настанатата штета ќе ја добиваат во текот на истата година кога е настаната штетата.

Крајна цел на овој проект е сите засегнати страни да бидат задоволни, односно за определен период земјоделското осигурување да стане самоодржливо, со потенцијал за раст и развој и на тој начин да бидат задоволни и земјоделците како корисници, и осигурителните компании како даватели на услугите и државата како поддржувач.

„Суштинската промена е во тоа што државата ќе се вклучи и ќе биде сигурен партнер и за двете страни: земјоделците и осигурителните компании. На едната страна ќе вложува во полисите за осигурување во партнерски однос со земјоделците кои ќе мора да издвојат и сопствени средства за земјоделско осигурување. Земјоделското осигурување ќе биде услов за земјоделците да добијат државна субвенција за земјоделско производство. На другата страна државата преку Владата ќе стане партнер и ќе го дели ризикот заедно со осигурителните компании преку учеството во новоформираната осигурителна институција наречена Осигурителен пул.“, вели Крсте Шајноски, претседател на Совет на експерти на Агенција за супервизија на осигурување.

Во рамки на понуденото системско решение државата ја има контролната функција, осигурителните компании продолжуваат со својата основна дејност да даваат осигурителни услуги и да бидат дистрибутивниот канал во рамки на системот додека земјоделците стануваат активна страна во системот преку нивното учество во премијата. Формирањето на земјоделски пул треба да обезбеди унифицирани услови, ниски тарифи, субвенционирана премија, финансиска заштита и брза исплата на штета.

„Административните процедури, согласно законското решение се базираат на тоа, Пулот како ентитет да е задолжен за донесување на стандардизирани услови, тарифи, план и програма за реосигурувањето, во што учество ќе имаат и осигурителните компании, продажбата ќе се реализира преку осигурителните компании и брокерските друштва, и други законски посредници, додека делот обесштетување е во рамки на пулот. Проценката на штета ќе се реализира со помош на овластени земјоделски проценители согласно Закон за проценка и Методологија за процена на средствата во земјоделството“, вели Надица Јовановска Бошковска, директорка на претставништвото на Еуропа РЕ.

Според информациите од МЗШВ, реализацијата на овој нов концепт за земјоделско осигурување е предвидена со неповратни средства од Зелен климатски фонд и првите три години земјоделците целосно ќе бидат ослободени од трошоците за осигурување, а како ќе заживува концептот, нивните трошоци за учество, по овие три години би биле минимални. Висината на полисите ќе ја утврдува државата и тие ќе бидат драстично пониски, со многу поголем опфат на ризици од досегашните полиси. Со новиот модел земјоделците добиваат уште една предност, односно се зголемува процентот за исплата на штетите, од досегашните најмногу до 10%, на најмалку 40% од утврдената штета.

„Oвој Закон е во полза на земјоделците. Со него, сите штети што досега со стариот систем се исплаќале за 2-3 години, со новиот закон ќе се исплаќаат во тековната година кога настанала штетата – објасни Александар Мусалевски од МЗШВ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделско осигурувањезначењемзшвсубвенцииштета
Претходен напис Утре истекува договорот за украинското жито, неговото продолжување под знак прашалник
Следен напис Времето денеска променливо облачно со повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?