Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Златниот лазач – собно растение кое лесно се одгледува и ги отстранува токсините од воздухот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Златниот лазач – собно растение кое лесно се одгледува и ги отстранува токсините од воздухот
Магазин

Златниот лазач – собно растение кое лесно се одгледува и ги отстранува токсините од воздухот

Објавено 23/01/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ова е собно украсно растение  кое доста често се среќава во домовите и  кое освен едноставноста во одгледувањето, заслужува симпатии поради способноста да ги отстрани штетните токсини присутни во воздухот во просторијата.

texture of epipremnum aureum

Златниот лазач (Epipremnum aureum) е повеќегодишно растение ,со сјајни срцевидни листови, прошарани со бели или жолти шари. Честопати се одгледува како украсно растение  во многу домови,  канцеларии и во јавни простории. Покрај едноставното одгледување, златниот лазач заслужува симпатии и поради неговата способност да ги отстрани штетните токсини присутни во воздухот во просторијата, како што се формалдехид, трихлоретен и.т.н. Потекнува од Океанија, и не е отпорна на мраз и ниски температури. Супстратот во кој што ќе се одгледува треба да биде  богат со хранливи материи. Успева на температури помеѓу 14 и 16 ° C, а идеални за недо  температурите помеѓу 18 и 22 ° C.

Расте од 1,5 до 3 м, така што треба да се обезбеди доволно простор. Ако е поставено блиску до sидовите или аглите на просториите,   саксијата  треба да се намеси така да што повеќето листови да бидат осветлени.

Полевање и ѓубрење

За да расте ова украсно растение не му е потребно многу светлина, може да напредува  и на слаба осветленост, но тогаш растот ќе биде побавен.  Може да расте под флуоресцентно осветлување, што е важно кога се одгледува во канцеларии.

Сортите со разнобојни лисја, без присуство на светлина, можат да станат целосно зелени. Со преместување на саксијата на посветло место, белите шари на листовите можат повторно да се појават. Ако листовите одеднаш станат бледи, тоа е знак дека растението добива премногу светлина.

 Се наводнува само кога супстратот во саксијата ќе се исуши. Ако златниот лазач е на сончево место, треба почесто да се наводнува. Прскањето на листовите со вода треба да се прави што е можно почесто за да се одржи влажноста околу растението. Премногу наводнување може да доведе до пожолтување на лисјата и стебленцата и гниење на коренот. Додека пак, малку вода може да предизвика кафеави дамки  и појава на кафеави  врвови на листовите.

Во пролет и есен, прихранувањето може да биде еднаш месечно , со универзално ѓубриво за собни растенија. Премногу прихрана може да предизвика натрупување на сол во подлогата, што резултира со изгорени лисја. Кога се појавуваат безживотни лисја, и покрај редовното полевање, тоа е знак дека златниот лазач треба да се пресади во поголема саксија.

  Растењето  на ова украсно растение може да  се контролира со кинење на лисјата. Бришете ги листовите редовно со влажна крпа за да ја отстраните прашината. Се размножува со сечење на гранки  долги 10 до 15 см. Ставете ги гранчињата во чаша со  вода и почекајте да пуштат корени. Се засадува во супстрат кој содржи исти делови глина, перлит и тресет. Многу брзо се формираат корени дури и ако гранчињарта подолго останат  во чаша со вода.

Повеќето проблеми што се јавуваат кај златниот лазач лесно се решаваат и затоа се идеални за  почетници. Не го напаѓаат посериозни инсекти или болести, но може да се појават вошки. Листовите содржат калциумови оксалати, кои се опасни за деца и миленичиња. Проголтување на листотовите не е смртно опасно, но може да се појави повраќање.

Извор:Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:златен лазачрастение кое го прочистува воздухотурасни растенија
Претходен напис Низа нерегуларности – Владата го раскина договорот за концесија со „Летница Белвица”
Следен напис Ова растение лечи синуси, ги чисти белите дробови, го ублажува заморот и ја смирува главоболката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?