Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Ова растение лечи синуси, ги чисти белите дробови, го ублажува заморот и ја смирува главоболката


Ренот, а исто така и продуктите кои содржат рен го подобруваат варењето на храната на тој начин што го стимулираат лачењето на желудочната киселина, жолчната течност како и на ензимите од панкреасот. Тој претставува многу корисно средство за чистење на организмот.

Ренот (Armoracia rusticana)  е многу важен додаток на јадењата, посебно на мрсната храна бидејќи помага побрзо да се свари. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го убажува уморот, а како намирница посебно им се препорачува на дијабетичарите. Го стимулира создавањето на корисни бактерии во цревата, а ги уништува бактериите на дизентерија, солмонела, туберколоза како и голем број на гливици кои живеат во човекот и во растенијата.

Ја подобрува функцијата на органите за варење. Претставува многу лековито растение кое го чисти организмот, посебно белите дробови, црниот дроб, бубрезите, грлото и хранопроводот. Помага на болните од астма и бронхитис, а посебно е добар за зајакнување на имунитетот.

Ренот посебно е корисен кога станува збор за болести на жочката и црниот дроб, ги чисти бубрезите и помага при воспалителни процеси на мочниот меур со тоа што го спречува размножувањето на бактериите без разика во кој дел од организмот се наоѓаат. Исто така е многу добар за дезинфекција и се користи за надворешна употреба и за лечење на кожни боести.  

Ренот уште претставува и стар народен лек за лечење на реуматски заболувања, така што се ставаат облоги од свеж  рен или како облоги од тинктура. Ја згоемува површинската циркулација на кожата,  загрева  и ги ублажува болките.

Пред и полсе ставањето на облогите потребно е болните места да се намачкаат со маслиново масло за да не дојде до зацрвенување на кожата. Неконтролираната надворешна употреба на ренот може да  предизвика и пликови на кожата. Ренот е  исто така и познат диуретик.  Свежите листови од рен  може да се користат кај главоболка, така што треба да се стават на челото односно на болното место. Облоги од рендан рен можат да се ствата на згрчени мускули, на рани (ја спречува инфекцијата),на повредени коски и згобови. Сепак треба да се напомене дека ренот не треба да го консумираат луѓе кои имаат гастроинтестинални болести, како што се чир на желудец,  луѓе кои имаат пробрми со штитната жлезда и трудниците.

Воспаление на непцата

Измешајте 50 грама ситно изрендан рен, 20 грама семе од коморач и 20 грама нане. Сето тоа прелијте го со 1 литар 45% ракија  и оставете го да стои 3 месеци. Потоа исцедете го  и ставете го во шише. Мала количина од оваа течност разредете ја со вода  и со тоа ислпакнете ја устата.

Реума и артритис

Ставете свежо изрендан рен во памучна ткаенина и ставете го на болното место така да ткаенината ја допира кожата. Одтранете го ако почувствувате жештина и печење бидејќи ренот може да предизвика опекотини.

Извор: Модерни- жени

Јан 23, 2020agrotim2
Златниот лазач - собно растение кое лесно се одгледува и ги отстранува токсините од воздухотВо тек инфо сесија за ИПАРД во Битола

Напишете коментар Откажи одговор

23/01/2020 Магазинзошто треба да користиме рен, лекосвити својства на ренот, рен1,102

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019