Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Златевски се повлече од функциите претседател на Сојузот на здруженијата на лозари и на Потсекторската група за лозарство и винарство во МЗШВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Златевски се повлече од функциите претседател на Сојузот на здруженијата на лозари и на Потсекторската група за лозарство и винарство во МЗШВ
Агровести

Златевски се повлече од функциите претседател на Сојузот на здруженијата на лозари и на Потсекторската група за лозарство и винарство во МЗШВ

Објавено 23/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јован Златевски соопшти дека се повлекува од функциите претседател на Републичкиот сојуз на здруженија на лозаропроизводители и претседател на Потсекторската група за лозарство и винарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Како што објави Златевски, причина за ваквиот чекор е недоволната соработка и поддршка од страна на институциите и покрај неговите заложби за  подобрување на положбата на лозарите и на целокупниот сектор.

-Изминатите две години со целосна посветеност и со голема одговорност ги извршував овие две функции. Секојдневно вложував труд и енергија за подобрување на состојбата на лозаропроизводителите и целиот сектор, за да се обезбедат подобри услови за работа и развој. Во текот на мандатот моите активности и иницијативи беа насочени кон повеќе аспекти од развојот на лозарството и винарството меѓу кои: подигнување на стандардот на лозаропроизводителите со цел подобрување на условите за работа на сите производители, исплата според квалитетот на грозјето и шеќерните единици што би ги стимулирало производителите да посветат поголема грижа на квалитетот, примена на стратегијата за развој на лозарството и винарството со цел систематски и долгорочен напредок на секторот, отворање задруги и субвенции до 90 отсто за нови модерни лозови насади и модернизација на постојните заразвој на конкурентни и современи производствени капацитети. За жал, ниту една од овие значајни и неопходни промени не доби поддршка од надлежните институции. Ситуацијата што произлегува од оваа неуспешност ме доведе до заклучок дека, во моменталните услови, не сум во можност да постигнам значајни резултати, кога одлуките и реформите не се реализираат, наведува Златевски.

 Според него, за да се биде ефективен и успешен, потребна е поголема волја и соработка од сите надлежни институции.

-Бидејќи не можам да продолжам да работам во овие околности, се повлекувам од функциите со надеж дека во иднина ќе се создадат услови за посериозна поддршка на лозаропроизводителите и развој на лозарството и винарството, подвлекува Златевски.

МИА

Може да ви се допадне

Европскиот пазар се затвора за Бразил: ЕУ го ограничува увозот на месо, јајца и мед
(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Таг:Златевскилозарствоситуацијасоработка
Претходен напис Договор со Британија за авио-сообраќај: Се отвораат линии
Следен напис УХМР: Облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?