Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Договор со Британија за авио-сообраќај: Се отвораат линии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Договор со Британија за авио-сообраќај: Се отвораат линии
Агровести

Договор со Британија за авио-сообраќај: Се отвораат линии

Објавено 23/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Велика Британија.
 
Договорот, како што соопшти денеска Министерство за транспорт, ја отвора можноста за воспоставување на нови директни авиолинии меѓу двете земји, а со тоа и зголемување на бројот на туристи од Велика Британија. 
-Овој Договор се потпиша на иницијатива на Велика Британија и претставува нова правна рамка со која се уредуваат односите во делот на редовниот воздушен сообраќај помеѓу двете земји, се наведува во соопштението.

 Преку Договорот, како што истакнаа двајцата министри, се овозможува поголема слобода и флексибилност на авиокомпаниите, ефикасно работење и нови услуги, додека за патниците се овозможуваат подобри конекции, нови дестинации и конкуретни цени.
 
Вицепремиерот Николоски по потпишувањето потенцираше дека Македонија има огромен раст во авиосообраќајот во последната година и претставува сериозна конкуретна земја во регионот, а тоа се должи пред се на спроведување на политиките на Владата за развој на цивилниот воздушен сообраќај.  Додаде и дека домашните аеродроми имаат огромен потенцијал да опслужат нови авиокомпании и патници. 
 
Со Договорот, како што посочуваат од  Министерство за транспорт, се уредува и интермодалниот превоз што е особено важен дел во карго транспорот, а исто така се постигнува и висок степен на заштита и безбедност на авиокомпаниите и патниците утвредни преку ИКАО стандардите. дма/

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:авио линииБританијадоговор
Претходен напис Пет милиони евра проневериле уапсените за злоупотреба на земјоделските ЕУ субвенции
Следен напис Златевски се повлече од функциите претседател на Сојузот на здруженијата на лозари и на Потсекторската група за лозарство и винарство во МЗШВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?