Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зимата и затворениот прстор значат поголема опасност од мувла
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зимата и затворениот прстор значат поголема опасност од мувла
Агровести

Зимата и затворениот прстор значат поголема опасност од мувла

Објавено 19/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со доаѓањето на зимата и затворањето на домот заради задржување топлина, лесно се заборава на важноста на проветрувањето и спречувањето мувла. Неколку едноставни чекори може да помогнат да се спречи појава на мувла во куќата.

Застоен воздух води до влага и појава на мувла. За да се спречи ова, Питер Фолдбјерг – одговорен за дневна светлина, енергија и клима во затворен простор во данската компанија  „Велукс“ (VELUX), открива неколку практични и евтини совети. Според него, најдобро време за отворање прозорец коешто го намалува нивото на влажност во домот, се утрата и доцна навечер…

– Отворањето на прозорците веднаш по будењето и пред спиење може значително да го подобри квалитетот на воздухот во Вашиот дом. Ваквата вентилација не само што го спречува развојот на мувла, туку и ја изедначува температурата во спалната соба, овозможувајќи подобар и помирен сон, вели тој.

Стручњакот препорачува кратко проветрување од 10 до 15 минути – три до пет пати на ден.

– Разбирањето на секојдневните активности во домот што предизвикуваат загадување во затворениот простор – како што се готвење, чистење, туширање, палење свеќа, сушење алишта внатре, па дури и спиењето и дишењето – е клучно за решавање на проблемот. Овие активности може да доведат до мувла и влага во домовите со текот на времето, што ќе влијае на нашата целокупна благосостојба, вели тој.

Натаму, според наводите, сопствениците на куќи треба да се стремат кон енергетска ефикасност, со мерки како што се двојно застаклување и изолација на ѕидовите. Ваквите чекори значат намалување на трошоците за енергија, поефикасна заштита од студеното време и, следствено – помалку мувла.  

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:затворениот прсторзиматамувлаопасност
Претходен напис Штарк повлекува бисквити од пазарите во Србија и БиХ поради можност за присуство на туѓо тело
Следен напис Европското земјоделство во изминатите 5 години бележи значителен раст и на инвестициите и на остварените приходи од производството на храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?