За време на мандатот од 2019 до 2024 година, Европската Унија ја прослави 60 годишнината од започнувањето на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП). Европското земјоделство во изминатите 5 години бележи значителен раст и на инвестициите и на остварените приходи од производството на храна, а за сето тоа сведочи и фактот што приходите што ги осваруваат земјоделците се доближија до просечните плати во европската економија. Како што објавија во овие 5 години над 38 милијарди евра се вложени во реална вредност на земјоделското производство, а резултатите од тоа се видливи и по приходите што ги остваруваат овие работници. Забележано е намалување на јазот меѓу приходите на земјоделците и просечната плата во економијата на ЕУ, или на сметките на земјоделците легнале 9,4 милијарди евра повеќе од вообичаеното заради примената на земјоделските политики. Во овие пет години, од 2019 до 2024 година за 10% е зголемено и органско земјоделство од вкупно искористените земјоделски површини во ЕУ и поддржани се повеќе од 500 истражувачки проекти поврзани со земјоделското производство.
Во текот на изминатите години, земјоделскиот сектор беше под притисок поради пандемијата на коронавирус и порастот на цените на енергијата и инпутите по руската агресија врз Украина. Освен тоа, се почести се и екстремните климатски промени.
Во текот на целиот мандат, Комисијата реагираше брзо на овие предизвици, презентирајќи низа краткорочни и среднорочни активности за заштита на глобалната безбедност на храната и поддршка на земјоделците. Севкупно, околу 1,5 милијарди евра дополнителни средства од ЕУ се распределени на земјоделците за да им помогнат да се соочат со исклучителни климатски промени, зголемените трошоци и нарушувањата на пазарот.
Благодарение на поддршката од ЕУ, европскиот земјоделски сектор продолжи да ја зголемува својата земјоделска продуктивност на одржлив начин во изминатите години. Обезбеди здрави, хранливи и висококвалитетни производи за 445 милиони потрошувачи во ЕУ, дури и за време на големите предизвици и пречки.
