Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жителите во општина Лозово, после 24 години, за првпат добиваат 8 нови асфалтирани улици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Жителите во општина Лозово, после 24 години, за првпат добиваат 8 нови асфалтирани улици
Рурален Развој

Жителите во општина Лозово, после 24 години, за првпат добиваат 8 нови асфалтирани улици

Објавено 23/01/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски, денеска ги посетија локациите кадешто оваа општина ги реализира капиталните инвестиции преку мерките од Програмата за рурален развој.

„Во Општина Лозово во тек се градежни активности за реконструкција и асфалтирање на улици и локални патишта. Со средства од Програмата за рурален развој во износ од 6.595.883,00 денари, ќе се реконструираат и асфалтираат осум улици во Општина Лозово од кои 6 се во село Лозово, една во село Дорфулија и една во село Каратманово. По асфалтирањето на овие 8 (осум) улици, жителите на територија на Општина Лозово, по 24 години од денот на Формирање на Општина Лозово за првпат ќе имаат асфалтирани улици“ – изјави министерот Димковски.

Исто така, со средства во износ од 18.578.789,00 денари од Програмата за рурален развој се реконструира и асфалтира локалниот пат кој ги поврзува двете соседни села с. Милино и с. Каратманово. Досега се релизирани околу 40% од вкупниот проект за асфилтирање на овој пат.

Директорот Бабовски посочи дека преку трите проекти во овој дел од државата ќе се реализираат инвестиции во вкупна кофинансирана вредност од близу 27,4 милиони денари, со овие средства за прв пат се асфалтира локалниот пат Милино – Каратманово и на овој начин повторно го враќаме во функција патот кој заради калта и дупките беше забаоравен и не се користеше. Преку овој локален пат, месното население добива нов, квалитетен и побрз пристап до Свети Николе и останатите градови. Исто така преку Програмата за рурален развој за прв пат ќе се асфалтираат неколку улици во Лозово, Дорфулија и Каратманово а партерно ќе се уреди и просторот околу црквата Св. Ѓорѓи во селото Гуземелци.

Ова е инвестиција со којашто конечно ќе се поврзат трите Општини од Вардарски плански регион и тоа: Велес, Лозово и Св.Николе.

Освен тоа, обезбедени се и средства за партерно уредување на просторот околу најстарата црква во Општина Лозово, Св. Ѓорѓија во село Ѓуземелци, која потекнува од 16 ти век.

Сите овие градежни активности се само потврда на мерките кои оваа Влада ги превзема за подобрување на условите за живот во руралните средини.За трите мерки од Програмата за рурален развој пристигнаа над 200 барања со подготвени капитални проекти од сите 80 општини и 8 Плански региони, за чијашто реализација Владата на Република Северна Македонија одобри 38 милиони евра преку Програмата за рурален развој.

Со овие средства,ќе се решат долгогодишните проблеми со лошата комунална и патна инфраструктура во руралните средини, ќе се реконструираат локални патишта, канализациона инфраструктура, партерно уредување во руралните средини, изградба и реконструкција на мостови.

Министерот Димковски посочи дека со мерките кои ги превзема министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развивање на овој регион, се создаваат услови за зголемување на земјоделскитеповршини во регионот на Свети Николе. За таа цел во тек се два јавни огласи за издавање под закуп на држано земјоделско земјиште за овој регион.

На двата јавни огласи досега се пристигнати 185 апликации за добивање под закуп на државно земјоделско земјиште со вкупна површина од околу 1700 хектари.

Тоа значи дека министерството во партнерски однос со земјоделците од овој регион, заедно ќе овозможат зголемување на обработливите површини за околу 1700 хектари, а со тоа ќе го зголемиме и земјоделското производство и позитивно ќе влијаеме на целокупниот развој во овој регион.

Сето ова ќе биде наша реалност за која ќе можеме да кажеме дека сме ја исполниле нашата цел, а тоа е да им обезбедиме достоинствен живот на сите наши граѓани од сите општини.

Со подобрувањето на условите во руралните средини создаваме услови за идните генерации својот потенцијал да можат да го реализираат во своето родно место.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
(ВИДЕО) Трипуновски: Во наредните денови ќе има исплата на 4.1 милиони евра на оние што аплицирале и добиле ИПАРД средства
Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 денари, а бензините за 1,5 денар
Таг:асфалитраниденарилозовомилионипатулици
Претходен напис Борче Јоновски: 2,5 години инвестираме во модернизирање и професионалност на Подрачните единици на МЗШВ, клучниот линк за комуникација со земјоделците
Следен напис Нема повеќе штети од град: Владата го објави јавниот оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?