Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жителите од Прилепско протестираат за градежните работи на патот Прилеп – Крушево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Жителите од Прилепско протестираат за градежните работи на патот Прилеп – Крушево
Агровести

Жителите од Прилепско протестираат за градежните работи на патот Прилеп – Крушево

Објавено 07/05/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жителите од Кривогаштанско денеска протестираа на регионалниот пат Прилеп – Кривогаштани – Крушево поради изведување градежните работи кои им ги блокираат движењето, земјоделските работи и секојдневното живеење без, како што велат, да им се понуди соодветно алтернативно решение.

На регионалниот пат се работи на делници повеќе од една година, а сега со реновирањето на мостови ќе има целосен прекин на функционирањето на секојдневните работи за околу 10 000 жители од регионот.

-Протестираме кај Врбјанските мостови. На регионалниот пат се работи речиси две години. Луѓето се упатуваат по алтернативен пат кој кружи уште 50 километри и никако да се заврши патот. Ова е кулминација. Сакаат целосно да го затворат, а се поврзуваат три општини Крушево, Кривогаштани и Прилеп. Луѓето одат секојдневно на работа, децата на училиште, фирмите треба да функционираат. Има голем проток на возила. Солуцијата што ја нудат за вртење преку други села: Кадино Село, Обршани воопшто не одговара. Станува збор за тесен, небезбеден пат по кој главно поминуваат трактори. Ќе настане сообраќаен хаос и не дај боже може да има тешки последици. Ние сме отсечени од светот. Бараме изведувачот да понуди разумно решение. Но, не реагираат, вели Светлана Гроздановска, жителка на Кривогаштани.

Елизабета Олиманова, жителка на селото Славеј е револтирана зашто ќе се малтретираат и децата кои одат на училиште во другите села, а секојдневното и стопанското функционирање е запрено.

-Патот се гради со народски пари. Треба да се има алтернатива. Се нудат споредни патишта, речиси да се кружи Пелагонија, но дали се исправни? Децата од селото Врбјани одат на училиште во Кривогаштани. Што се должни тие да трпат? А како ќе помине амбулантно возило? До Прилеп е 15-тина минути, сега ќе се стигнува по два часа, а ќе биде загрозен животот на пациентите. Два месеци мостовите стојат раскопани, а можеше да се направи помошен премин на реката за да се поминува. Овде има фирми, индустриска зона сме. Работниците секојдневно одат на работа. Има решенија, а инвеститорот ниту предвидел, ниту нуди, изјави Олиманова.

Според градоначалникот на Кривогаштани Николче Мискоски, револтот на жителите е оправдан и мора да се понуди решение. Очекува со инвеститорот ЈП за државни патишта и со изведувачот да се најде решение.

-Несфатливо е што една делница од 900 метри се прави една година. Сега со мостовите, ако патот биде затворен уште два-три месеци, тоа е огромен проблем за земјоделците, фирмите, жителите. Разговарав со директорот на ЈП ДП Коце Трајановски и реков дека треба да најдеме решение. Рече дека ќе прати екипа за да најдеме алтернативен пат. Сегашното решение кое е предложено, да се кружи 50-тина километри е неприфатливо за жителите. Тој пат е 3,6 метри и не е за да се разминат камиони и возила и е небезбеден. Наш предлог е да дојдат изведувачите, инвеститорите и да најдеме решение. Овде нема планини, рамно поле е, вели градоначалникот на Кривогаштани Николче Мискоски.

Инвеститор на градежните работи на регионалниот пат Прилеп – Крушево е ЈП за државни патишта.

Протестот на жителите од изутрината го блокираше патот Прилеп – Крушево.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:КривогаштанипатПрилеппротест
Претходен напис (ВИДЕО) Невреме со град го зафати струмичкиот регион
Следен напис Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?