Жителите од штипската населба Караорман денеска со возила и механизација го блокираа патот кон река Брегалница, со цел да ја спречат тешката механизација која секојдневно црпи песок од коритото и носи песок.
Забележаа дека нивите им се уништени, реката пропаѓа, а се намалува и водата за пиење. Тие побара од надележните институции да се преиспитаат дозволите, но и кој од ова место веќе подолго време црпи песокот.
– Денеска сме собрани да го искажеме својот револт заради исцрпувањето на песокот од реката Брегалница. Уништија ни ги нивите, пропадна реката, имаме пумпи ама снемува вода. Реката е падната неколку метри надолу. Јас не знам со која дозвола го црпат песокот, вели Николче Паунов жител на село Караорман.
Вакви протести имаше неколку пати досега, но граѓаните велат дека за нивниот проблем нема решение од страна на институциите. Децидни се дека не можат уште половина година да гледаат како нивите им се унишуваат, а реката ја снемува. Апелираат одлуките да се преиспитаат, во спротивно, најавуваат дека протестите ќе зачестат.
МИА