Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кавадарци еко настан ,,Подигање на јавната свест за значењето на водата”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Кавадарци еко настан ,,Подигање на јавната свест за значењето на водата”
Агровести

Во Кавадарци еко настан ,,Подигање на јавната свест за значењето на водата”

Објавено 26/10/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еколошки настан „Подигање на јавната свест за значењето на водата”, на ниво на Вардарски регион, се реализира денеска во кавадаречката локална самоуправа.

На средбата беше кажано дека  АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ, организира осум регионални настани согласно на проектот „Со подигање на јавната свест до одржливи комунални услуги“. Нагласено д дека проектот што стартуваше со денешниот настан, претставува можност за соработка помеѓу централната и локалната власт и ЈКП и зголемување на нивната координираност и комуникација, а има за цел да ги обедини централната и локалната власт, како и јавните комунални претпријатија, во заеднички напор за подигање на  јавната свест за значењето на комуналните услуги. 

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев рече дека многу работи се подобрени во оваа сфера во изминатиот период, но оти и понатаму треба да се подигнува јавната свест. Тој го нагласи позитивното работење на кавадаречкото комунално претпријатие и потсети дека водата треба да се троши рационално. 

Илбер Мирта, раководител на сектор за води при Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ, кој говореше за зголемување на соработката на националните институции со локалните власти, за подобро управување со водните ресурси во РСМ, нагласи дека водата не препознава граници, државни, регионални или општински. 

– Водата не препознава политички партии ниту националности, верски и полови. Или ја има, или ја нема. Или е чиста, или е загадена. Затоа, треба да ја користиме рационално, да ја заштитиме од било какво загадување, да се заштитиме од штетното дејство на водите и да плаќаме за нејзино користење, подвлече Мирта. 

За значењето на подземните води во Македонија како стратешки ресурс за водоснабдување на населението, се осврна професор доктор Блажо Боев. 

– Водата е основно и примарно човеково право. Без вода нема живот. Водата е од суштествена важност за здравјето, добросостојбата, технолошкиот и економскиот развој на човештвото. Невозможно е да се стеремиме кон постигнување на општествените, економските и еколошките цели без одржливо интегрирано управување со водите. Проблемот со прекумерното црпење на подземните води и влошувањето на нивниот квалитет во денешно време е силно изразен, рече Боев. 

За регулација на водата и формирање на тарифите, пред присутните говореше Андријана Нелкова Чучук, од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. 

На средбата, на која присуствуваат градоначалници од повеќе општини, општински советници, претставници на комунални претпријатија и екологисти од регионот, беше потсетено дека водата е во оснoва на одржливиот развој. 

– Водните ресурси и опсегот на услугите што ги нудат, поткрепуваат намалување на сиромаштијата, економски раст и одржливост на животната средина. Од безбедност на храната и енергијата до здравје на луѓето и животната средина, водата придонесува за подобрување на социјалната благосостојба и инклузивниот раст, кои влијаат на животот на милијарди луѓе, беше кажано на настанот. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водатазначењетојавната свесткавадарци
Претходен напис ЦУК: Изгаснати шест пожари на отворен простор
Следен напис Жителите на штипската населба Караорман протестираа против црпење песок од реката Брегалница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?