Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на житарките на светските берзи продолжуваат да растат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на житарките на светските берзи продолжуваат да растат
Агровести

Цените на житарките на светските берзи продолжуваат да растат

Објавено 20/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на житарките на светските берзи и понатаму да растат. Една од причините е оскудната жетва во Франција, Канада и Русија, а од тие земји повторно доаѓаат извештаи за помали приноси, но и за помалку посеани површини.

Што се однесува до моменталната состојба на пазарот, цените на пченката на берзата Чикаго CME се движат од 177,19 евра за тон, а на парискиот EuroNext тон чини 219,25 евра. Пченицата на CME чини 238,60 евра/т, а на EuroNext 248,50.

Според Аgrarheute, во извозното пристаниште Хамбург, пченицата за производство на леб чини 246 евра за тон, што е зголемување за 7 евра во споредба со почетокот на неделата. Цените на сточниот јачмен таму се 222 евра/т, што е зголемување за 2 евра во споредба со понеделникот. За иста сума се зголеми и вредноста на еден тон ‘рж, кој чини 223 евра. Причината за овој раст е продолжувањето на испораките во Алжир и Кина.

Најголемиот светски увозник на оваа житарка, Египет, исто така, купил 300.000 тони жито од Црно Море, од кои 240.000 се од Украина и 60.000 од Русија. Меѓутоа, тие не купуваа од Франција, бидејќи трошоците за превоз биле превисоки. Проценките за жетвата во таа земја се намалени за 36,1 милиони тони, но неговиот квалитет е многу добар.

Обемот на производството е исто така помал во Канада, каде што претходно беа планирани 22,9 милиони тони, а од ожнеани се 21,7 милиони тони.

Помалку посеани површини во Русија

Во Русија се очекува земјоделците да посеат помалку зимска пченица во споредба со рекордното ниво минатата година. Земјата најмногу извезува во Африка и на Блискиот Исток. Зимската пченица сочинува 70 проценти од руската жетва, а пролетната само 30 проценти.

Според локалното Министерство за земјоделство, до 14 септември таму биле посеани 7,8 милиони хектари зимски посеви, наспроти 8,2 милиони хектари во исто време минатата година. Вкупната посеана површина на зимска пченица може да се намали за околу 0,5 до еден милион хектари, стравуваат руските аналитичари. Минатата година земјоделците таму посеале 17,8 милиони хектари.

Цените на извозот на руската пченица пораснаа минатата недела по деветти пат по ред. Пченицата со удел од 12,5 проценти протеини подготвена е за испорака во октомври по цена од 300 до 303 долари за тон.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:житаркипченица
Претходен напис Еколошка катастрофа во близина на Марков Манастир
Следен напис Германското јаболково вино – извор на здравје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?