Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, пад кај индустриските култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, пад кај индустриските култури
АгровестиОрганско производствоРастително производство

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, пад кај индустриските култури

Објавено 16/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Органското производство минатата година во однос на 2018-та бележи раст кај житните култури за 11,15 отсто, кај лозовите насади за 40,32 отсто, на зеленчукот за 1,07 отсто и на овошјето за 32,90 проценти, но евидентира и огромен пад од 82,67 проценти кај индустриските култури, како и намалување за 31,88 проценти на фуражот.

Како што покажува последниот извештај на Државниот завод за статистика, од органските житни култури, пченицата е намалена од 17,79 отсто на 16,89, р’жта од 1,64 на 1,56 отсто, а јачменот од 62,21 отсто на 53,43 проценти. Површините под органска пченка, пак, се зголемени од 6,56 отсто на 9,78. Раст има и кај овесот од 8,52 отсто на 12,95, како и кај другите жита од 3,29 на 5,38 отсто.

Падот на површините под органски индустриски култури доминира во сегментот ароматични, медицински и зачински растенија кои во 2018 година биле застапени со 99,76 отсто, а во 2019 година со 80,26 проценти. Пораст бележи сончогледот, од 0,16 отсто во 2018-ма на 18,71 процент во 2019 година.

Кај фуражните култури, застапеноста на луцерката е зголемена од 53,89 отсто во 2018 година на 91,01 отсто лани, додека добиточниот грашок од 1,06 проценти во 2018-та е застапен на 5,99 проценти во 2019-та. Другите фуражни култури бележат пад, од 44,72 отсто во 2018 година на 2,93 проценти лани.

Површините на органски зеленчук се зголемени за 1,07 отсто. Двојно намалени се органските пиперки, од 2,30 отсто на 1,22 процента, како и дињите, од 5,02 процента на 2,52 отсто. Другите видови зеленчук, вкупно, бележат раст од 92,68 отсто на 96,25 проценти.

Површините под органско овошје, пак, се зголемени за 32,90. Притоа, пад има кај јаболката, крушата, праската, вишната и кајсијата, додека раст се бележи кај сливата, црешата и бобинките. Зголемување има и кај оревите и бадемите, а лешниците бележат намалување.

Под органско грозје во 2018 година биле 11 хектари, а во 2019 година се евидентирани 15 хектари.

Според статистиката, органското одгледување/производство на добиток бележи раст од 7,74 отсто кај овци и 30,03 проценти кај говеда, додека кај кози има намалување за 33,34 отсто. Во 2018-та имало 3.526 органски говеда, 57.936 овци и 5.036 кози, додека лани 4.585 говеда, 62.420 овци и 3.357 кози.

За статистичките показатели, Државниот завод користел податоци од Министерството за земјоделство.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Направете пластеник од пластични шишиња
Следен напис Џем од смокви – Брза подготовка, незаборавен вкус!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?