Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемена зависноста на ЕУ од увоз на руски вештачки ѓубрива 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемена зависноста на ЕУ од увоз на руски вештачки ѓубрива 
Агровести

Зголемена зависноста на ЕУ од увоз на руски вештачки ѓубрива 

Објавено 12/01/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупниот увоз на азот во ЕУ во периодот јули 2022-јули 2023 е зголемен за 34 проценти во однос на претходните 12 месеци, а на уреа за 53 проценти, при што по околу една третина од увезените суровини за производство на вештачки ѓубрива потекнуваат од Русија, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. 

Според извршниот директор на норвешката хемиска компанија „Јара“, Свејн Торе Холсетер ваквите податоци укажуваат дека Европа е повеќе зависна од Русија во производството на храна, со што енергетската зависност од пред руската инвазија врз Украина ја замени со зависност од ѓубрива.  

– Јасно видовме како Русија ги користи вештачкото ѓубриво и храната како оружје. Затоа не треба да бидеме наивни за тоа што може да се случи следно. Не треба да бидеме изненадени ако имаме шокови, смета Холсетер. 

Како што јави допсиникот на МИА од Брисел, тој потенцира дека Европа успеа за кратко време да ја намали енергетската зависност од Русија, за што огромна цена платија домаќинствата и индустријата. 

– Би бил многу загрижен ако сонуваме и за вештачкото ѓубриво да го повториме истото што го правевме и го правиме со енергијата, додаде Холсетер. 

Според него, зголемениот увоз на ѓубрива од Русија и од други делови на светот има последици и врз животната средина во Европа, бидејќи тие имаат за 50 до 60 отсто поголем јаглероден отпечаток од европските ѓубрива. 

Тој смета дека 2024-та ќе биде „клучна година“ за дефинирање на следната деценија во земјоделството, што ќе зависи од мерките што ќе ги преземе ЕУ. Според Холсетер, ЕУ треба финансиски да ги стимулира земјоделците да „прават еколошки избори“ при производството на храна, но и да воспостави „предвидлива рамка за финансирање“ на индустријата, по примерот на САД, како поддршка во спроведувањето на зелената транзиција.  

Дополнителен проблем од еколошки аспект претставува и тоа што производството на ѓубрива е енергетски интензивно и во голема мерка зависно од фосилните горива. 

Според експертските проценки, за префрлање на производството на ѓубрива во ЕУ од фосилни на биогорива ќе бидат потребни 15 до 20 години, што ќе треба да биде пропратено и со дополнителни стимулации. 

Во контекст на ваквите податоци, на иницијатива на Летонија на дневниот ред на следниот состанок на министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ, закажан за 23 јануари, ставена е и точка за дебата за „санкции за увоз на руски земјоделски производи“. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вештачки ѓубриваЕУЗголемена зависностарускиувоз
Претходен напис За викендот сончево, утрата до -12 степени
Следен напис Наскоро нов повик од ИПАРД: Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?