Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наскоро нов повик од ИПАРД: Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Наскоро нов повик од ИПАРД: Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
АгровестиФондови

Наскоро нов повик од ИПАРД: Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Објавено 12/01/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новата ИПАРД 3 програма започна со реализација минатата година со објавување на Мерките 1 и 7.

Следен повик кој треба да го објави Платежната агенција е за Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И РИБНИ ПРОИЗВОДИ.

Еве кои се основните информации за Мерка 3, кој може да биде корисник, кои се приоритени сектори и висина на поддршката:

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК
1. Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250
вработени и годишен обрт до 50 милиони евра.
2. Задруги.
Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат
помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да
бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за
инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните
стандарди на ЕУ.
ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ
-Преработка на млеко и млечни производи;
-Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
-Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни
култури);

– Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
– Растителни и животински масти и масла;
– Шира, вино и оцет;
– Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и
животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.
ВИСИНА НА ПОДДРШКАТА

  • Минималните вкупни прифатливи расходи на инвестицискиот проект изнесува 50.000
    евра.
  • Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на поединечен
    проект според оваа мерка е 50% или не повеќе од 1.500.000 евра.
  • Максималната вкупна финансиска поддршка за еден примател според оваа мерка не
    смее да надмине 3.000.000 евра за целиот период на спроведување на Програмата.
  • Максималната финансиска поддршка што треба да се додели на новоформирани
    правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за
    последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавен повик) по оваа мерка
    изнесува 100.000 евра.
    НАПОМЕНА ЗА СИТЕ МЕРКИ: Земјиштето на кое се планираат инвестициите треба да е во
    сопственост на апликантот или да е земено под закуп или концесија на најмалку 7 (седум)
    години од денот на аплицирање.

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на [email protected] или да не контактирате на телефонските броеви: 070 267-789 и 071 285-385.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделствоинвестицииипардмерка 3најновоплатежна агенција
Претходен напис Зголемена зависноста на ЕУ од увоз на руски вештачки ѓубрива 
Следен напис Студено, преку денот сончево со мала локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?