Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделското училиште во Битола, реновирано, со нова опрема и инвентар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделското училиште во Битола, реновирано, со нова опрема и инвентар
Агровести

Земјоделското училиште во Битола, реновирано, со нова опрема и инвентар

Објавено 17/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Основните и средните училишта во Битола, подготвени се за почетокот на наставата во второто полугодие во учебната 2024/2025 година. Покрај тековните подготовки, продолжуваат и новите инвестиции во училиштата кои се реализираат во соработка со локалната самоуправа и министерството за образование и наука, соопштија од Општина Битола.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети Средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев”, каде со директорот Златко Крстевски, разговараше за инвестициите реализирани во насока на подобрување на условите во училишната зграда, но и набавка на нова ИТ и друга опрема.

Дирeкторот Крстевски, изрази голема благодарност за соработката со општината, како резултат на што реализирана е набавка на нагледни средства од 250.000 денари за практична настава и обука на учениците кои учат на агрономските насоки. Исто така, извршено е реновирање на четири работни простории и два кабинети во вредност од 1.600.000 денари, со што комплетно беа обновени ѕидовите, подовите, таваните, а извршена е промена и на електричната инсталација.

Набавена е и компјутерска опрема во вредност од 70.000 денари, како и набавка на училишен инвентар во износ од 65.000 денари.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека, покрај во ова училиште, се работи на подобрување на условите и во другите училишта, а веќе се прават подготовки и за реализација на нови проекти за изградба и реконструкција на спортски игралишта и сали во состав на воспитно – образовните установи во општината.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:битолаинвентарреновираносредно земјоделскоучилиште
Претходен напис До 75% ГРАНТ за инвестиции во СТОЧАРСТВОТО: Изградба на ФАРМИ за говеда, овци, кози, свињи…
Следен напис Утринска магла, а потоа сончево и студено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?