ИПАРД – Мерка 1: ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА
КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК
1. Земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот Регистар на Земјоделски Стопанства (ЕРЗС) при МЗШВ:
- Физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство) – Семејното земјоделско стопанство е преставувано од физичко лице кое е член на земјоделското домаќинство. Физичкото лице е овластено, од страна на сите други членови од земјоделското домаќинство, да го претставува земјоделското стопанство пред надлежните органи и да управува со него. Овластениот претставник и останатите членови на земјоделското домаќинство мора да живеат на иста адреса која е наведена како седиште на земјоделското стопанство, без оглед на локацијата на земјоделскиот имот (земјиште и објекти).
- Индивидуален земјоделец – ИЗ – Индивидуален земјоделски производител е физичко лице кое се занимава со земјоделство за негови нејзини лични потреби како сопственик на земјоделскиот имот или кој има право на користење на земјоделски имот добиено преку склучување законски договор со нејзиниот сопственик и е регистриран во Регистарот на индивидуални земјоделци при МЗШВ или како Индивидуален земјоделски производител во ПИОМ. Индивидуалниот земјоделски производител е регистриран како семејно земјоделско стопанство во ЕРЗС.
- Земјоделско стопанство преставувано од правно лице – треба да биде регистрирано во ЦР во согласност со Законот за трговски друштва. Земјоделските стопанства претставувани од страна на правно лице во случај нивниот капитал да е во сопственост на јавен орган или органи или од страна на државата со повеќе од 25%, не се прифатливи корисници со оваа мерка.
НАПОМЕНА:
- Земјоделското стопанство кое предлага инвестиции во започнување на сточарско производство треба да биде регистрирано како земјоделско стопанство во ЕРЗС и во Регистарот за идентификација на животни пред поднесување на конечното барање за исплата.
- Земјоделското стопанство кое предлага инвестиции во преработка на земјоделски производи и маркетинг треба да биде регистрирано како оператор на храна во согласност со Законот за безбедност на храна во Агенција за храна и ветеринарство пред поднесување на конечното барање за исплата.
2. Задруга која е регистрирана во ЦР и која примарно се занимава со земјоделска дејност,
преработка на земјоделски производи и/или услуги кои се директно поврзани со
земјоделските активности.
3. Здружени правни лица (за колективни инвестиции):
- Групи на производители и организации на производители регистрирани во Регистарот на групи на производители и/или Регистар на организации на производители што го води МЗШВ,
- Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство запишано во ЕРЗС,
- Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или земјоделска преработка основана од здружение на земјоделски производители.
НАПОМЕНА:
Минималниот број на земјоделски производители ангажирани под некој од горенаведените субјекти е најмалку 10.
4. Правни лица регистрирани во ЦР во ранг на микро, мали и средни претпријатија – за утврдување на големината на корисниците ќе се користат податоци од “ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА” за последните 3 години.
| Ранг | Бр. на вработени | Гоедишен приход (обрт) | Биланс на состојба |
| Микро | < 10 | ≤ € 2 милиони | ≤ € 2 милиони |
| Мало | < 50 | ≤ € 10 милиони | ≤ € 10 милиони |
| Средно | < 250 | ≤ € 50 милиони | ≤ € 43 милиони |
МИНИМАЛНИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ СО КОИ ТРЕБА ДА РАСПОЛАГА БАРАТЕЛОТ НА ПОДДРШКАТА
Сточарско производство
- 10 молзни крави, 25 говеда до 1 година, телиња за инвестиции во говедарство;
- 100 овци/кози за инвестиции во овчарство/козарство;
- 16 маторици/300 прасиња за инвестиции во свињарство;
- 1 400 бројлери/700 несилки за инвестиции во живинарство (со исклучок на патки, гуски, мисирки, фазани, ноеви, ему и бисерки).
НАПОМЕНА: Кај сточарското производство бараниот капацитет треба да биде достигнат на крајот на инвестицијата.
ОПШТИ КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ НА ПОДДРШКАТА
- Инвестициите треба да се реализираат на имот кој е во сопственост на корисникот. Во случај на инвестициски проекти, кои се реализираат на имот кој не е во сопственост на корисникот, треба да биде доставен договор за закуп, имотен лист со цел докажување на правото на користење на имотот кој е засегнат од инвестицијата за период од најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето. Договорот за закуп, времетраењето и површината на која се однесува договорот задолжително треба да биде впишан во имотниот лист.
- Одговорното лице/носителот на земјоделското стопанство:
- треба да има завршено минимум средно образование или високо образование преку диплома/сертификат или
- треба да докаже минимум 3 години работно искуство од областа на земјоделско производство, преработка или услуги поврзани со земјоделството (докажано преку доказ за професионално работно искуство или преку доказ како корисник на националните програми за поддршка во земјоделството и руралниот развој или други прифатливи писмени докази).
- Доказ дека барем еден од управителите на правното лице, кои го застапуваат правното лице во постапката пред Агенцијата треба да е во редовен работен однос или под договор со времетраење не пократко од 5 години од денот на поднесување на барањето.
- Трговците поединци и индивидуалните земјоделски производители (регистрирани согласно законот за вршење на земјоделска дејност) треба да бидат постојано вработени.
- Во случај на нови инвестиции овој услов треба да биде исполнет пред поднесување на конечното барање за исплата.
ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ
- Сточарство: (1) Говеда (за млеко и гоење), (2) свињи (за репродукција и гоење), (3) овци и кози (за млеко и гоење), (4) живина (одгледувани за производство на месо – бројлери, кокошки несилки), (5) други производи од сточарство од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7;
- Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство: (1) млеко и млечни производи, (2) месо и месни производи;
- Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка
ВИСИНА НА ПОДДРШКАТА
- Минималниот вкупен прифатлив трошок за инвестицискиот проект изнесува 20.000 евра.
- Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 60% или не повеќе од 750,000 евра. Висината на финансиската поддршка ќе се зголеми до:
- 70% за инвестиции во земјоделски стопанства реализирани од страна на млади земјоделци;
- 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (Прилог 1 – Листа на планински подрачја).
- Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на еден примател според оваа мерка е 1.500.000 евра за целиот период на спроведување на Програмата.
- Максималната финансиска поддршка што треба да се додели на новоформирани правни изнесува 100,000 евра.
- Процентот на кофинансирање ќе се зголеми за 10% за делот од инвестицијата (само за тој дел) кој се однесува на:
- Инвестиции во системи за складирање и управување со арско ѓубре (пример:, третман, понатамошно користење и сл.),
- Инвестиции во објекти/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија за задоволување на сопствените потреби за енергија на земјоделското стопанство,
- Инвестиции во објекти/опрема за третман на отпадни води/канализација и
- Колективни инвестиции – дополнителна поддршка од оваа мерка се применува на секторот за овошје и зеленчук, секторот за вино, млеко, млечни и месни производи, како и за колективни инвестиции за квалитетни производи со изгледи да бидат регистрирани како производи со ознака на потекло и/или географска ознака.
ПРИМЕРИ НА ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ
- Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот за земјоделско производство (како што се објекти за одгледување на добиток, складирање на храна, објеткти за размножување и објекти за пост-бербени активности итн.), помошни објекти (како на пример, складови за чување на храна и сточна храна, силажа и амбари /силоси за сено и зрно ), вклучувајќи ги и оние што се користат за сместување на земјоделските машини и опрема, заштита при работа на работниците во земјоделството, заштита на животната средина (на пример јами за арско ѓубре и септички јами, складишта за биомаса, недвижен имот за третирање на вода/канализација на течни арски ѓубриња, складишта за силажа), како и потребната опрема;
- Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имотот кој се користи за преработка и маркетинг на земјоделски производи на ниво на земјоделско стопанство (како што се простории за пост-бербени активности, простории за ладење, пакување, производствeни простории, магацини и продажни пунктови) помошни објекти (на пример објекти за подготовка на суровина, магацини за жито и магацини за чување на готови производи) вклучувајќи ги и оние за заштита при работа и заштита на животната средина (на пример третман на отпад, магацини за биомаса и недвижен имот за вода /третман на отпадни води ) и потребната опрема;
- Набавка и/или инсталирање на нови машини, земјоделска механизација и опрема/инструменти за подобрување на активностите за земјоделско производство на фармата;
- Набавка и/или инсталирање на нови машини и /или опрема за подобрување на стандардите на благосостојбата на животните (на пример обезбедување на доволен простор, постојан пристап до свежа вода, исхрана, сместување и размножување, чистење на арско ѓубре и одмор на отворен простор итн);
- Набавка и/или инсталирање на нови машини и/или опрема за заштита на животната средина (како на пример за енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, отпад и третман на нус-производи и третман на вода) вклучувајќи и обезбедување на електрична енергија и/или греење со користење на обновливи ресурси за да се задоволат потребите на земјоделското стопанство ;
- Набавка на специјализирани земјоделски транспортни приколки и возила, како што се земјоделски приколки, резервоари за млеко, транспортни разладни резервоари за превоз на производството, транспорт на живи животни и живина, специјализирана опрема за транспорт на арско ѓубриво и транспорт на биомаса и сл.;
- Инфраструктура на земјоделско стопанство, вклучувајќи изградба и реконструкција на патиштата и патеките на стопанството, инсталации за снабдување со електрична енергија, водоснабдување и канализациони системи, одводнување (дренажа), артески бунари, оградување, и други подобрувања на надворешниот простор од имотот на корисникот за задоволување на потребите на земјоделското стопанство.
- Примери за прифатливи трошоци во рамките на колективните проекти се следниве: споделување на капацитети, машини, опрема и друга инфраструктура за производство на земјоделски производи за да се постигнат стандардите на ЕУ, воспоставување и развој на кратки синџири на снабдување и локални пазари (пазарно возило за директна продажба, опрема за пазарни тезги, фрижидери и друга опрема за директна продажба).
Прилог 1 – ЛИСТА НА ПЛАНИНСКИ ПОДРАЧЈА
| Општина | Населени места означени како “Планински” области (> 700) |
| Берово | Град: Берово и села: Будинарци, Владимирово, Двориште, Мачево, Митрашинци, Ратево, Русиново и Смојмирово |
| Битола | Села: Братин Дол, Брусник, Буково, Гопеш, Грaешница, Дихово, Доленци, Драгош, Древеник, Ѓавато, Злокуќани, Кажани, Кишава, Крклини, Лавци, Лера, Лисолај, Лопатица, Магарево, Маловиште, Метимир, Нижаполе, Облаково, Орехово, Острец, Рамна, Ротино, Свињиште, Снегово, Српци, Старо Змирново, Стржево, Трново, Цапари. |
| Боговиње | Села: Горно Палчиште, Јеловјане, Новаќе, Ново Село, Раковец, Селце Кеч, Синичане и Урвич |
| Брвеница | Село: Гургурница |
| Бутел | Село : Љубанци |
| Василево | Села: Кушкулија, Нивичино |
| Вевчани | Село: Вевчани |
| Велес | Село: Ново Село |
| Виница | Села: Грљани, Калиманци, Лаки, Трсино, Трстија |
| Врапчиште | Села: Врановци, Горјане, Ново Село, Гурѓевиште, Калиште, Ломница, Пожаране |
| Гевгелија | Село: Ума |
| Гостивар | Села: Бродец, Вруток, Горно Јеловце, Горна Ѓоновица, Долно Јеловце, Долна Ѓоновица, Железна Река, Корито, Куново, Лешница, Мердита, Митрој Крсти, Падалиште, Печково, Симница, Србиново,Страјане, Речане, Трново, Ќафа |
| Градско | Село: Двориште |
| Дебар | Села: Баниште, Гари, Горно Косоврасти, Кривци, Могорче, Осој, Рајчица, Татар Елевци, Хаме, Џепиште |
| Дебарца | Села: Арбиново, Брежани, Врбјани, Годивје, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Климештани, Лактиње, Слатино, Слатински Чифлик, Сливово, Сошани, Турје, Црвена Вода, Белчишта, Ботун, Велмеј, Издеглавје, Лешани, Ново Село, Оздолени, Песочани, Волино, Оровник, Требеништа, Горенци, Мешеишта |
| Делчево | Села: Бигла, Ветрен, Вратиславци, Драмче, Киселица, Град, Нов Истевник, Селник, Стамер, Стар Истевник, Турија, Вирче, Габрово, Звегор, Разловци, Чифлик |
| Демир Хисар | Села: Бабино, Базерник, Боиште, Брезово, Велмевци, Вирово, Големо Илино, Железнец, Зашле, Лесково, Мало Илино, Мренога, Радово, Растојца, Смилево, Суво грло, Церово, Кочиште, Обедник, Жван, Слоештица, Стругово, Журче, Загориче, Ново Село, Ракитница, Сопотница, Суводол, Утово, Доленци |
| Долнени | Села: Зрзе, Маргари, Горно Село, Гостиражни, Дреновци, Долгаец, Стровија, Кошино, Небрегово, Слепче |
| Желино | Села: Горна Лешница, Луковица, Седларево, Мерово, Церово |
| Зелениково | Село: Палиград |
| Јегуновце | Села: Беловиште, Вратница, Јажинце, Рогачево, Старо Село |
| Кавадарци | Села: Бојанчиште, Бохула, Галиште, Клиново, Куманичево, Мајден, Р’жаново, Радња, Рожден, Страгово, Бунарче, Праведник, Конопиште |
| Карбинци | Села: Вртешка, Ебеплија, Јунузлија, Мичак, Кепекчелија, Курфалија, Кучица, Муратлија, Припечани, Прналија, Кучилат, Калаузлија |
| Кичево | Села: Бачишта, Букојчани, Лешница, Мидинци, Речани – Зајаско, Тајмиште, Горно Строгомиште, Длапкин Дол, Зајас, Долно Строгомиште, Колари, Грешница, Кнежино, Осој, Раштани, Белица, Брждани, Видрани, Големо Црско, Горна Душегубица, Горно Добреноец, Долна Душегубица, Долно Доберноец, Манастирско Доленци, Инавчишта, Извор, Јаворец, Удово, Кладник, Кленоец, Козица, Лавчани, Малкоец, Мало Црско, Подвис, Попоец, Поположани, Прострање, Цер, Другово, Ехловец, Свињиште, Бериково, Јагол Доленци, Ново Село, Папрадиште, Гарани, Јагол, Премка, Србица, Жубрино, Туин, Шутово, Арангел, Осломеј, Поповјани, Дупјани, Козичино, Крушица, Орланци, Патец, Рабетино, Светораче, Карбуница, Вранештица, Речани – Челопечко |
| Конче | Села: Горни Липовиќ, Негреновци |
| Кочани | Села: Безиково, Горно Градче, Главовица, Јастребник, Костин Дол, Лешки, Небојани, Нивичани, Ново Село, Полаки,Тркање, Пресека, Пантелеј, Рајчани, Пашаџиково, Речани, Долно Градче |
| Кратово | Села: Горно Кратово, Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново, Луково, Мушково, Нежилово, Близанци, Страцин, Приковци, Татомир, Шлегово, Кетеново |
| Крива Паланка | Град: Крива паланка и села: Б’с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, Голема Црцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак,Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Нерав, Огут, Осиче, Подржи Коњ, Станци, Трново, Узем, Мождивњак |
| Крушево | Град: Крушево и села: Арилево, Белушино, Бирино, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Острилци, Пуста Река, Селце, Норово, Јакреново, Врбоец, Борино |
| Липково | Села: Белановце, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор, Лукаре, Р’нковце, Стрима |
| Маврово и Ростуше | Села: Аџиевци, Беличица, Бибај, Битуше, Богдево, Болетин, Велебрдо, Волковија, Видуше, Врбен, Врбјани, Галичник, Грекај, Дуф, Жировница, Жужње, Јанче, Кичиница, Кракорница, Леуново, Лазарополе, Маврови Анови, Нивиште, Никифорово, Нистрово, Ничпур, Ново Село, Орчуше, Присојница, Росоки, Ростуше, Рибница, Селце, Сенце, Скудриње,Сретково, Тануше, Требиште, Тресонче, Церово, Маврово, Сушица |
| Македонска Каменица | Села: Дулица, Косевица, Костин Дол, Моштица, Саса, Цера |
| Македонски Брод | Села: Бенче, Битово, Брезница, Брест, Волче, Долни Манастирец, Горно Ботушје, Горно Крушје, Долно Ботушје, Долно Крушје, Дреново, Заград, Звечан, Инче, Ковач, Косово, Лупиште, Старо Село, Рамне, Растеш, Сланско, Сушица, Тажево, Томино Село, Требовје, Црешнево, Крапа, Локвица, Могилец, Русјаци, Вир |
| Могила | Села: Мојино, Црничани |
| Новаци | Села: Брник, Будимирци, Гнилеш, Грумази, Груништа, Ивени, Мегленци, Орле, Петалино, Полог, Зович, Сатравина, Арматуш, Маково, Градешница, Долно Орехово, Живојно, Паралово, Тепавци, Зовик 2, Велесело |
| Ново Село | Села:Барбарево, Бадолен, Стиник. |
| Охрид | Села: Вапила, Велестово, Елшани, Завој, Коњско, Куратица, Ливоишта, Љубаништа, Рамне, Плаќе, Расино, Речица, Свиништа, Сирула, Скребатино, Шипокно, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Орман, Велгошти, Долно Коњско, Косел, Трпејца, Опеница, Пештани, Лескоец, Подмоље |
| Петровец | Село: Дивље |
| Пехчево | Град: Пехчево и села: Негрево, Панчарево, Црник, Чифлик, Робово, Спиково, Умлена |
| Пласница | Село: Преглово |
| Прилеп | Села: Беловодица, Бешиште, Бонче, Вепрчани, Витолиште, Волково, Дабница, Живово, Кокре, Крушевица, Крстец, Лопатица, Плетвар, Полчиште, Прилепец, Присад, Ореовец, Штавица, Пештани, Леништа, Мало Рувци, Марул Селце, Чумово |
| Пробиштип | Град: Пробиштип и села: Гризилевци, Зеленград, Јамиште, Кундино, Лесново, Марчино, Горни Стубол, Добрево, Древено, Шталковица |
| Радовиш | Села: Али Коч, Али Лобаси, Козбунар, Коџалија, Ново Село, Папавница, Смиланци, Шаинташ, Шипковица, Штурово, Држани, Каралобоси, Караџалар, Худаверлија, Дурутлија, Ќоселија, Супурге, Чешме Маале |
| Ранковце | Села: Баратлија, Герман, Милутинце, П’клиште, Станча, Гулинци, Криви Камен, Петралица, Псача, Радибус, Одрено, Отосница |
| Ресен | Град: Ресен и села: Арвати, Болно, Брајчино, Горно Крушје, Евла, Златари, Избишта, Илино, Коњско, Кривени, Лавци, Лева Река, Грнчари, Долно Дупени, Подмочани, Рајца, Горно Дупени, Стење, Јанковец, Крани, Сопотско, Лескоец, Љубојно, Отешево, Петрино, Покрвеник, Стипона, Шурленци, Курбиново, Прељубје, Штрбово, Сливница, Долна Бела Црква, Долно Перово, Наколец, Асамати, Претор, Дрмени, Езерани, Царев Двор, Горна Бела Црква, Волкодери, Козјак |
| Сарај | Село: Раовиќ |
| Свети Николе | Село: Стоиманци |
| Сопиште | Села: Држилово, Света петка, Нова Брезница, Патришка Река, Горно Соње |
| Студеничани | Села: Алдинци, Елово, Калдирец, Рамни Габер, цветово, Црн Врв |
| Старо Нагоричане | Села: Арбанашко, Длабочица, Дејловце, Аљинце, Кокино, М’гленце, Малотино, Осиче, Рамно, Буковљане, Цветишница |
| Струга | Села: Безово, Богојци, Бороец, Брчево, Буринец, Вишни, Горна Белица, Дренок, Збажди, Јабланица, Лабуништа, Лакавица, Локов, Мали Влај, Мислодежда, Модрич, Нерези, Пискупштина, Франгово, Подгорци, Поум, Присовјани, Р’жаново,Селци, Тоска, Луково, Октиси, Ташмаруништа, Враништа, Глобочица, Драслајца, Ново Село, Шум, Ливада, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Џепин, Заграчани, Корошишта, Радолишта, Радожда, Долна Белица, Добовјани, Делогожди |
| Теарце | Села: Брезно, Варвара, Јелошник |
| Тетово | Села: Бозовце, Бродец, Вејце, Вешала, Гајре, Ѓермо, Лавце, Лисец, Отуње, Селце, Сетоле, Шипковица, Једоарце |
| Центар Жупа | Села: Бајрамовци, Брештани, Горно Мелничани, Горенци, Долгаш, Долно Мелничани, Елевци, Житинени, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница, Оџовци, Пареши, Баланци, Црно Боци, Евла, Мал Папрадник, Праленик, Центар Жупа |
| Чашка | Села: Горно Јаболчиште, Горно Врановци, Папрадиште, Попадија, Црешнево, Долно Јаболчиште, Ореше, Плевење, Нежилово, Крнино, Капиново |
| Чучер – Сандево | Села: Блаце, Брест, Бродец, Танушевци |
| Штип | Села: Калапетровци, Кожево, Никоман, Почивало, Шашаварлија, Суво Грло |
Прилог 2 – ДЕТАЛНА ЛИСТА НА ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ
| Детална листа на прифатливи трошоци за мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства | ||
| Бр. | Прифатливи трошоци | Опис |
| 1 | Набавка на механизација за сектор сточарство: – Трактори со максимална моќност која не надминува 100 KW врз основа на обемот и природата на дејноста (види Прилог 1 од Листата на прифатливи трошоци ); – мотокултиватори и приклучна механизација; – опрема и механизација за подготвителни активности при обработка на почвата; – садење; – наводнување, одводнување и одгледување на растенија; – опрема за берба (исклучувајќи комбајни); – опрема за контрола и заштита; – опрема за одгледување на животни; – опрема | Трактори, мотокултиватори, фрези, плугови, ротофрези, ротобрани, дискови брани, редосеалки, ѓубрерастурачи за минерални ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво, култиватори, расадосадачки, опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/ сетвоспремачи, ѓубрерастурачи за арско ѓубре, прскалки, атомизери, опрема за систем за наводнување (капка по капка, подземно наводнување, микропрскалки, наводнување со оросување или комбинација од нив (пумпи за вода, базени, танкови, резервоари, филтри, опрема за дистрибуција на вода, опрема за ферт-иригација, опрема за автоматско дозирање на вода за наводнување), кроење, чистачи на плевел, косилки, сенопревртувачи, сенобалирачка косачки за фураж, собирач на пченка, копач, косачка за сено, машини за грубо рамнење/чистење на почва, сортирачка, калибратор. Опрема за мерење на внатрешна и надворешна температура, влажност на почва и воздух, опрема за анализа на почва и стерилизација. Опрема за одгледување на животни и слатководна риба (размножување, карантин, карантин за остранување на животински трупови итн.). Опрема за исхрана и напојување, опрема за молзење и систем за измолзување, автоматски или подвижни агрегати за молзење, опрема за чистење и управување и складирање на шталско ѓубриво, вклучувајќи опрема за манипулација за сено и силажа (елеватори), опрема за производство на сточна храна (мелници, опрема за мешање на храната, мешалки, итн.), опрема за мерење на тежина, опрема за ветеринарен преглед и опрема за складирање на ветеринарно-медицински препарати. |
| Прифатливи трошоци кои се однесуваат на сите приоритетни сектори | ||
| Бр. | Прифатливи трошоци | Опис |
| 2 | Градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет), како и пластеници/стакленици, без почвено одгледување и други иновативни системи на производство. – За инсталација на соодветната опрема; – достигнување на стандарди за заштита на животната средина; – обезбедување на хигиенски и санитарни услови; – достигнување на стандарди за благосостојба на животните; – обезбедување на административен простор; – скалдирање на храна и силажа; – помошни простории (за складирање, гаражи, итн.); – обезбедување на пристап на фарма, уредување и оградување; – постбербени активности, преработка на фарма и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство. | Сите материјали кои се користат за изградба на подови, ѕидови и тавански површини, како и сите премази и сврзни смеси кои се користат во капацитети за примарно земјоделско и рибно производство за преработка и директен маркетинг сопствени земјоделски и рибни производи на ниво на земјоделско стопанство, капацитети за складирање на инпути и финални производи, капацитети за производство на енергија од обновливи извори за сопствено производство, како и административни објекти, лабораториски и санитарни уредувања и инфраструктура кои се однесуваат на производните активности се прифатливи за поддршка. Облоги за ѕид, таван и под, ѕидни и тавански панели, цевки, врати, прозорци, системи за греење и вентилација (климатизација и воздушно прочистување), одвод, канализација, третман на отпад и системи за валоризација на отпад, Елементи за конструкција за водовод и електрична енергија (вклучувајќи генератори) вклучувајќи практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии и инсталација за електрична енергија, доводен и канализационем систем, пумпна станица, артеска бушотина и бунар Столбови направени од дрво, челик, бетон или друг материјал, сидра за заземјување на инсталацијата и ремените, поцинкован челик, жица, рамки изработени од метал, пластични облоги. Градежни материјали/компоненти за пластеници/стакленици и/или безпочвено одгледување (пластична фолија или панели, треба да бидат за повеќегодишно користење со минимум 200μm). Градежни материјали/компоненти за пристапни патишта и воспоставување на патна мрежа, уредување и оградување на простор. |
| 3 | Набавка на опрема за пост- бербени активности, преработки на фарма и директен маркетинг на фарма за сопствено производство: – Растителни и животински масла и масти; – Јајца, месо и месни производи; – Млеко и млечни производи; – Риба и рибни производи; – Производство на сточна храна. | класирање, ладење, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали. Опрема за пред ладење, ладење и замрзнување. Опрема за сечење, мелење и подготовка за преработка. Опрема за де-аерација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација. Резервоари, танкови, Опрема за конзервирање, сушење, дехидрација, замрзнување. Опрема за полнење, пакување и етикетирање. Опрема за зашеметување, навлажнување, загревање и вадење на внатрешни органи, опрема за сечење и вадење на коски. Опрема за манипулација, товарање и растоварање, виљушкари, подвижни ленти и опрема за мерење на тежина. Опрема за следење на квалитет, контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција. Опрема за третман на отпад, валоризација, манипулација и складирање. ЦИП опрема за чистење, опрема за преработка. Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, хранење, сместување на животните пред колење, чистење на арско ѓубре итн. |
| 4 | Набавка на опрема за производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка | Опрема за производство на енерегија преку: • Преработка на растителна биомаса за производство на биогас и/или биогорива. • Сончева енергија, • Ветерници, • Геотермална енергија итн. |
| 5 | Работи и услуги | Сите потребни работи и услуги поврзани со реализацијата на инвестициониот проект: • Уривање и демонтирање, • Подготовка на теренот, • Градежни работи, • Реконструкција, • Занаетчиски работи, • Инсталациски работи, • Транспорт и монтажа, • Подготовка на земјиштетото и пристапни патишта, • Садење и расадување. |
| 6 | Набавка на специјализирани транспортни резервоари и приколки за суровини и готов производ | Земјоделски приколки, цистерни за млеко, разладни резервоари, приколки за превоз на живи животни и живина, транспорт на ѓубриво, опрема за транспорт на биомаса, опрема за транспорт на овошје и зеленчук (бокс палети, пластични контејнери, освен гајби кои не се за повеќекратна употреба) итн. (поврзани само со прифатливите производни активности). |
| 7 | Компјутерска опрема | Компјутерска опрема и софтвер, вклучувајќи и сензори и видео надзор (поврзани со прифатливата опрема и производни активности). |
| 8 | Општи трошоци | Подготовка на техничката документација, градежни планови и помошни студии, пресметка на трошоци, анализи, пазарни анализи, подготовка на оцена на животната средина, управување со проекти • Архитекти, • Инженери, • Консултанти итн. Стекнување со патентни права и лиценци, Системи за управување: • ISO • HACCAP • GAP (Добра земјоделска пракса) • GMP (Добри производствени практики) Јавни и информативни материјали • Билборди, • Плакети, • Налепници Покрај тоа, трошоците поврзани со колективните инвестиции може да се прошират и за: – Студии за спецификација за хигиенски стандарди и начинот на производство на квалитетни производи; – Студија за развој на производи и маркетинг за нови производи или слични студии за други производи; – Трошоци за анимација не повеќе од 10% за воспоставување и водење на кратки синџири на храна на одреден производ доставен до локален супермаркет. |
Прилог 1 кон Деталната листа на прифатливи трошоци
| КАПАЦИТЕТ НА МОЌ НА ТРАКТОР ПО СЕКТОР И ГОЛЕМИНА/ПРОИЗВОДЕН КАПАЦИТЕТ | ||
| ТИП НА СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВО | ГОЛЕМИНА (ДЕ) (добиточни Единици) | ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW) |
| Говеда за тов и млечни крави | 10-20 | 60 |
| 20-50 | 80 | |
| над 50 | 100 | |
| Свињи | 8-100 | 60 |
| 100-500 | 80 | |
| над 500 | 100 | |
| Овци/кози | 10-50 | 80 |
| над 50 | 100 | |
| Живина | 10-140 | 60 |
| 140-1400 | 80 | |
| над 1400 | 100 | |
Напомена:
– Еден корисник може да набави еден трактор
– (*) Еден корисник може да набави еден или два трактори со максимална вкупна пропишана големина на KW
– прифатливи се набавки на трактори кои исполнуваат ЕУ стандарди кои се однесуваат на заштита на животната средина, особено во однос на границите на емисиите на гасови и загадувачки честички (Регулатива (ЕУ) бр. 167/2013), односно прва еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 5 согласно Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“бр. 140/08, 53/11, 123/12, 153/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 87/23).
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ИЗГОТВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА НА ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ: 071 /225 -345 и 070/ 267 -789
