Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделски календар за месец јуни – Овоштарство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделски календар за месец јуни – Овоштарство
АгровестиСовети

Земјоделски календар за месец јуни – Овоштарство

Последна измена: 06/06/2023 11:34
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Овој период овошните дрвја се во интензивен раст. Не смее да се дозволи тој да стивне поради недостаток од вода. Обилните полевања и прихранувањето по потреба, се одразуваат добро на растот и на плодообразувањето, како и на формирањето на родна папка. Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата. За младите дрвца, од голема корист е покривање на почвата под нивната крошна со слама, искосена трева или друг соодветен материјал. Оваа практика е позната како прекривка и помага при разредување на поливањето и задржување на влагата.
Кога младите дрвца ќе почнат со плодоносење, потребно е да се отстранат плодовите до
50 см од врвовите на гранчињата.
Кај постарите овошни дрвца се врши проредување на плодовите, со цел останатите плодови да бидат со повисок квалитет. Кај јаболката и крушата проредувањето се врши кон крајот на месецот, откако ќе помине природното јунско проредување.
Во овој месец започнува формирањето на родни папки за наредната година па затоа треба дрвјата убаво да се негуваат, наводнуваат, прихрануваат и почвата да се обработува редовно. Ако на крајот на месец мај е пропуштено второто прихранување на дрвцата, тогаш тоа треба да се направи во месец јуни.
Обилното наводнување и соодветното оплодување на јагодите се од големо значење за формирање на цветни папки за наредната година.
Јаболката и крушите се третираат против краставост, пепелница, јаболков црв, вошки, крушкова болва, свиткувачи и сл.
Дуњата се прска 1-2 пати против губењето на заврзоците, кафеавата лисна дамкавост, црвливост и сл.
Сливите освен од црвената лисна дамкавост, шупликавост на листот, кафеавото гниење, овошниот црв и свиткувачот, овој период може да се инфицираат од рѓа и може да бидат нападнати од штитеста вошка.
Кај праските и кајсиите продолжува третирањето против пепелница, кафеаво гниење, шупликавост на лист и овошни црви.
Во почетокот на месецот се врши последното третирање против црешова мува кај вишните и црешите. За тој третман соодветни се препаратите кои што имаат 24 часа каренца. Исто така се прска и против сачменка и кафеаво гниење, а кај вишната и против белата рѓа.
Кај оревите продолжува третманот против бактериозата и антракнозата. Бадемовите дрвја се третираат против бадемов семејад, сачменка, церкоспориоза. Леските во овој период од годината може да бидат нападнати од лешников молец кој што го нагризува овошјето и полага јајца во него. Јагодите се третираат против сивото гниење.
Малините и капините се третираат против дидимела, антракнза, пепелница, малинов комарец, малинов бумбар и др.
За сите горенаведени болести и штетници, потребно е да се користат дозволени препарати.

Може да ви се допадне

Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците
На Табановце се чека 40 минути, а на Богородица 30 минути
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничите премини
АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
Најпаметно ќе биде ако со британскиот заем се инвестира во Чебрен, велат експертите
Таг:земјоделски календарјунисовети
Претходен напис Времето денеска претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд
Следен напис Договорно производство на бессемена лубеница: Првиот дел од договорот исполнет, земјоделците го расадија бостанот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?