Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сопштение за надминување на дефектот на цевководот Макарија, ХМС Тиквеш, општина Росоман
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сопштение за надминување на дефектот на цевководот Макарија, ХМС Тиквеш, општина Росоман
АгровестиШумарство и водостопанство

Сопштение за надминување на дефектот на цевководот Макарија, ХМС Тиквеш, општина Росоман

Објавено 06/06/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ја информираме пошироката јавност, посебно земјоделците од општина Росоман, дека заеднички со другите институции во изминатиот период активно се работеше на изнаоѓање на решение за отстранување на дефектот настанат на сифонот Макарија, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ургентно по настанување на оштетувањето, стручни лица од Управата за водостопанство при министерството, заедно со претставници на АД Водостопнаство на Република Северна Македонија и професори од Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје извршија првични проценки на оштетувањето. Од страна на министерството беа организирани неколку координативни состаноци на кои се разгледуваше можноста за изведба на времено решение кое ќе обезбеди доволно количини на вода потребни за наводнување на земјоделските површини. До Владата на Република Северна Македонија беше подготвена и пуштена информација за состојбата, со предлог решенија за надминување на проблемот, при што беше задолжено АД Водостопанство, до следната седница да достави конкретно предлог решение кое ќе биде изводливо и применливо за најкраткок можен рок.

На денешната седница на Владата, од страна на АД Водостопанство во соработка со професори од Градежниот факултет Скопје, по направено претходно истражување на достапноста на материјалите и времето на изведба на работите, доставен е конкретен предлог кој предвидува санација на цевководот Макарија при што во рамки на оштетениот дел се предлага монтирање на соодветни цевки кои ќе обезбедат доволно количина на вода за наводнување на пријавените површини од 2.050 хектари, за сезона 2023. Времето на изведба на овој потфат ќе овозможи да се запази сезоната за наводнување, при што информираме дека приносот на површините кој се очекува да биде околу 30 илјади тони на земјоделски култури ќе биде запазен и остварен во оваа тековна сезона. Решението кое се предлага и кое може да се изведе во брз рок има карактеристика на решение од траен карактер, при што се олеснува понатамошното реконструкирање на целосниот цевковод Макарија и се заштедуваат средства за идните зафати на другите делови од системот за наводнување.

На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија, се обезбедуваат средства во рамки на Програмата за водостопанство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со воведување на нова мерка која ќе опфати целосна санација на цевководот во износ од околу 82 милиони денари, при што АД Водостопанство во периодот кој следи ќе треба да ги изврши административните процедури за подготовка на постапката за јавна набавка за санација.

Посветено работиме на обезбедување на земјоделското производство, секогаш на страна на земјоделците, нивните барања и потреби. Врвен приоритет на политиките кои се водат од страна на министерството се дава на домашното производство на храна и унапредување на статусот на земјоделецот. Оваа стратешка дејност е секогаш во фокусот на политиките на Владата за што сите мерки кои се преземаат во секоторот даваат соодветни резултати во земјата и пошироко во регионот.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:макарија
Претходен напис Земјоделски календар за месец јуни – Овоштарство
Следен напис Николовски за „Денот на полето“: Со примена на добри практики и употреба на сертифициран семенски материјал приносот е многу поголем
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?