Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделски календар за месец јуни – Градинарство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделски календар за месец јуни – Градинарство
АгровестиСовети

Земјоделски календар за месец јуни – Градинарство

Објавено 01/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во месец јуни продолжува грижата за градинарските култури кои се одгледуваат во оранжерии. Во слободниот простор кај некои култури, како тиквички, копар и др. Може да се засади праз, целер, кромид и др. Топлотниот режим треба правилно да се регулира во полиетиленските оранжерии – само во ладни денови и ноќи треба да се затвораат вратите и проветрителите.

Кај раните сорти високостеблени домати, кога ќе бидат развиени 4-6 соцветија, се прекршуваат врвовите над последното соцветие (зглоб), но не непосредно до него, а се оставаат 2-3 листови. Од ова зависи раната зрелост кај овие сорти. На краставиците се отстрануваат сувите и болни листови за време на бербата. Растенијата треба на време да се наводнуваат и реколтата да се прибира на време.

Треба да се следи појавата на болести и штетници кај доматите. Против пламеница кај компирот се третира со соодветни фунгициди.

При појава на пепелница и белокрилка кај краставиците се третира комбинирано со соодветни инсектициди и фунгициди.

По садењето на зелката на отворено, задолжително треба да се следи појавата и веднаш да се третира против вошки и зелкина болва.

Во овој месец вниманието е насочено кон доматите, пиперот, модриот домат и другите култури кои се засадени на отворено. Потребно е редовно наводнување, а кај пиперот после расадувањето привремено се прекинува со наводнување за да може растението да формира подобар коренов систем. Првото окопување на доматите, пиперот, модриот домат и другите градинарски култури помага за побрзо затоплување и аерација на почвата, што е од големо значење за забрзување на растот и развојот на културите.

Прашењето ( окопувањето) се врши 7 до 10 дена после садењето. Во овај месец овие култури треба да се прихранат со 15 – 20кг/ха азотно ѓубриво. Кај тиквиците и краставиците се прекинува со окопувањето кога нивните стебла ќе се разгранат и ќе го покријат меѓуредието. Долните, остарени листови треба да се отстранат.

Во месец јуни се врши сеење на доцните сорти зелка и карфиол. Најсоодветно време за сеидба е до
средината на месецот. Во втората половина од месец јуни се сади и праз и тоа на мегуредово растојание од 25 до 30см и растојание од 15-20см во внатрешноста на линијата. Исто така овај период се сеат и моркови за касно производство, на меѓуредово растојание од 30 – 35см и сеидбена норма од 60 – 70 гр. на 100 метри квадратни. Во периодот од 5 -8 јуни се подготвуваат леите за сеење на семето од касните сорти домати, а во периодот од 10 -15 јуни се подготвуваат леите за производство на садници од главесто зеље.

Семето за касните сорти на краставици се сее на постојано место во гнезда или во редови, во втората половина од месецот.

Овој период се прибираат производите од раните сорти на зелка, краставици, тиквици.

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градинарство
Претходен напис Szybkie kroki do rejestracji w Vavadzie
Следен напис Започната постапката за донесување Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?