Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделски календар за март – ПОЛЕДЕЛСТВО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Земјоделски календар за март – ПОЛЕДЕЛСТВО
Совети

Земјоделски календар за март – ПОЛЕДЕЛСТВО

Објавено 21/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во овој период растенијата се во мирување. Голем дел од нив се покриени со снежна покривка. На места каде што снегот не се задржал поради ветровите при појава на невообичаено ниски температури, од -20 до -25 ° С , постои опасност од измрзнување на посевите со пченица и јачмен. Се подготвуваат азотните ѓубрива и механизацијата за прихрана на есенските посеви. Раното пролетно прихранување со азотни ѓубрива се врши пред потерување на вегетацијата во периодот крајот на февруари и во месец март. Пред започнување на вегетацијата житните култури се најмногу истоштени од зимскиот период, со исцрпени резерви од јаглени хидрати и поради тоа имаат потреба од лесно апсорбирачки азот.

Ефикасноста на прихранувањето зависи од бројни услови – состојба на посевите, климатските услови, сортата и обезбеденоста на почвата со минерален азот. Се подготвува почвата за сеидба на раните пролетни култури. Во тек e или привршува прихранувањето на есенските култури.

Се врши сеидба на: луцерка од 1-30 март (во наши услови може крај на март почеток на април, најдоцна до 15 април) со 30-40 кг/ха или просечно 20кг/ха; сончоглед од 20 март – 5 април со 15 – 20 кг/ха; сирак од 20 март – 5 април со 8 – 12кг/ха; шеќерна репа од 1 – 30 март со 25 – 30 кг/ха.

Одгледувањето на тутунот вклучува два агротехнички периоди: производство на расад и одгледување на нивата. Производството на расад се организира во или блиску до населеното место, на рамни, дренирани, заштитени од ветер, топли и плодни почви. Тутунскиот расад се одгледува на леи покриени со најлон. Подготовката на семето бара дезинфекција и `ртење. Сеењето на леи се врши во текот на месец март.

АПРЗ

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Ристески: На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Таг:поледелствотутун
Претходен напис Март е идеално време за сеење на невен
Следен напис Украински житарки: Што е договорено со Русија, а што со ЕУ?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?