Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците во Кочанско ќе добијат околу 8,3 милиони денари преку поддршката за „зелена нафта“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците во Кочанско ќе добијат околу 8,3 милиони денари преку поддршката за „зелена нафта“
Агровести

Земјоделците во Кочанско ќе добијат околу 8,3 милиони денари преку поддршката за „зелена нафта“

Објавено 19/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во просториите на Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани почна распределбата на вредносните ваучери со кои се субвенционира набавката на гориво за земјоделска механизација.

Во евиденцијата на службата се регистрирани над 2.400 земјоделски стопанства во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, кои поднеле електронски барања до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по Програмата за 2023 година. Вкупната финансиска поддршка за нив ќе изнесува близу 8,3 милиони денари.

-Земјоделците можат лично да ги подигнат картичките кај нас, при што неопходно е да приложат документ за идентификација. Со ваучерите, односно со картичките ќе можат да набават гориво на која било бензинска пумпа на „Макпетрол“, најдоцна до 30 април 2024 година. Ако им преостанат средства што не ги искористиле, после тој рок ќе им бидат блокирани. Поединечниот износ што ќе го добие секој земјоделец како субвенција за горивото е во зависност од површината што претходно ја пријавил дека ќе ја обработува, истакна Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица за земјоделство во Кочани.

За да можат да ја добијат финансиската поддршка за купување дизел гориво, земјоделците треба да ги имаат платено обврските за воден надоместок кон АД Водостопанство.

Со мерката на Министерстовото за земјоделство за набавка на „зелена нафта“ се опфатени близу 49 илјади земјоделци во целата држава за кои е обезбедена сума од 275 милиони денари од програмата за финансиска поддршка во земјоделството.

МИА

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:зелена нафтаземјоделцитеКочанскоподдршката
Претходен напис Србија има вишок пченица, пченка и сончоглед, извозот е отежнат поради проблеми со логистиката
Следен напис Почна изборот на жетварска убавица за Деновите на кочанскиот ориз, се гласа електронски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?